Препорака за добар серум со вит. Ц? Досега имам користено на оливал и geek&gorgeous од вториот и не бев баш многу задоволна
Најдобра инвестиција ти е на Noveexpert booster vitamin C 25% како што ти пишала @koritsaki кој што освен тоа што го изедначува тенот помага и за флеки од акни и не е потребно да се користи спф врз него.
Здраво женски се породив и порафи бреѓеноста баталив скроз козметика освен органска хидратантна крема за лице е сега сакам да се вратам на рутината па потребен ми е ваш предлог на препарати за комбинирана кожа кои третираат брчки за 35+, како и стари флеки од сонце и акни . Конкретно кој препарат и во кој дел од денот да го кпристам И дали може измислија серум за темни подочници (од неспиење) да делува
Потребно е СПФ после тоа, како не, ништо не ја заменува и не штити како СПФ кремата. Всушност, ако не става СПФ крема по витамин Ц серумот ќе биде исто како да го истура напразно, затоа што УВ зраците ќе го поништуваат сѐ она што го прави серумот. @Dpokahontas
Ќе може да ми препорачате серум за лице? Т зоната ми е премногу сува, а останатиот дел од лицето ми е нормално. Т.е нешто за комбинирана кожа. Плус имам исто така и брчки на челото некои не многу видливи и тука таму некоја акна. Нешто како за 20+
Во Грција ги нема производиве на Novexpert Во Белина е 3000 денари, понекогаш може и на попуст да се најде. Поевтин има и на True alchemy со витамин Ц од 3% ,5% и 13% , мене повеќе ми се допадна тој од Новексперт , иако е поскап, споро се троши.. Овој серум според мене е најдобра инвестиција @ku4ence @Solen☀ според мене е многу важна хидратацијата на кожата, јас имам 31 година и сега за сега користам хијалуронска киселина , ако сакаш нешто плѕс друго , природно ќе ја тагнам @Biodevojka да каже некој препарат за таа возраст. Исто така по кремата за лице, ти препорачувам секојдневно да користиш СПФ.
Добро би било некогаш да се чита за продуктот пред да се даде мислење. Кажав не мора да стави спф затоа што самиот продукт е формулиран за тоа, што значи е идеален за овој период. Нормално дека во лето ќе стави спф,јас не ни користам спф сега немам потреба.
Кога вели стабилен, кој не е осетлив на топлина и светлина, мисли на начинот на чување после отварање, т. е. не мора да се чува на темно и студено по отварањето. Нема врска ова со тоа кога ќе се нанесе на лице.
Се распрашав во Белина и тие истото ми го кажаа, не се мисли за чување на темно и студено место. Во секое време можеш да им пишеш да се информираш за продуктот,љубезно одговараат. Освен тоа ова е единствениот серум кој не мора да се нанесе спф затоа и е скап.
Добро би било и да се разбира тоа што се чита, ама еве сме. Ако мислиш на тоа дека витаминот Ц „не е осетлив ниту на светлина ниту на топлина", се мисли на тоа дека производот е направен побавно да се разградува во пакувањето кога е изложен на светло или топло место, затоа што витаминот Ц е озлогласен поради слабоста на нив и дека брзо се расипува. Ако мислиш на тоа дека „формулата не е фотосензитивна", се мисли на тоа дека кога ја нанесуваш нема да ти се „спржи" лицето под дејство на сонцето, но тоа не значи дека си заштитен. Зборувано е многу пати, ништо не штити од сонце освен СПФ крема, и тоа и таа не го прави тоа совршено, па треба да се комбинира со негово избегнување и со помош на облека. Тоа што ти одбираш да не користиш и сметаш дека не мораш да користиш СПФ крема сега е твој избор и никој не те форсира. Фактот е дека УВ зраци има преку цела година, не се сите видливи како кога „има" сонце надвор. Ако ти е важно да се штитиш од сите УВ зраци (УВА кои предизвикуваат понеосетна штета како дамки и стареење), треба да користиш преку цела година, не само на лето кога се доминантни УВБ (кои предизвикуваат повидлива штета како горење на кожата). Сеедно е како одговориле, против сонце штитат само филтри наменети за тоа. Можеш да користиш витамин Ц серум без СПФ крема и можеби нема да ти изгори лицето, но дека си заштитен, не си. Тоа е исто како да пиеш витамини кога е ладно за да не настинеш, а да шеташ по куси ракави, да не се заштитиш.
Здраво,сакам да го споделам моето искуство со ексфолијант на Оливал и со регенеративната крема исто Оливал. Имам комбинирана кожа 35 год, и никогаш не сум имала проблем со бубулици, акни освен мрсна т зона, но незнам зошто последнава година мака мачам со нив. Случајно ги открив Оливал па решив и нив да ги пробам. Ексфолијантов го користам 3 пати неделно навечер, кремата секој ден после чистење на лицето. Тоник некој со сребрена вода користам секој ден за чистење со памукче, но сега ќе ги купам и маслената микро емулзија и амино гел чекори 1 и 2 за двојно чистење на Оливал затоа што за само недела дена јас видов позитивен ефекет. Топло ги препорачувам. Овие ги користам сега.
Здраво девојки, дали некоја од вас го има користено регенерирачкиот серум на Natura siberica anti-ox blueberry да сподели мислење, се мислам дали да го земам имам проблематична кожа па да не ме исфрла дополнително
Јас искористив веќе неколку шишенца, многу сум задоволна, хидратација одлична, кожата мека и сјајна. Мене ми е предобар а и цената не е превисока.
Имам комбинирана кожа (изразено масна Т-зона и црвенило на образите). Каков серум можам да користам за да се редуцира себумот (хијалуронски или на база на салицилна) и ако може предлог. Немам искуство со третмани со. серум.
Ниацинамид плус хујалуронска киселина. True Alchemy proteins гел за миење лице Натура Сиберика Софора Јапоника дневна и ноќна крема за лице.