Здраво, производот на првата слика не е лошо формулиран, има убави состојки и секретот од полжав е на доста висока позиција ( во декларацијата ќе го најдеш под името helix aspersa muller extract). Е сега, има една состојка која се нарекува triethanolamine која ме загрижува затоа што во присуство на нитрати може да предизвика проблеми на кожата. Во кремава не гледам нитрати (барем не во декларацијата), ама зависи сѐ и од паковањето на самиот производ каков материал е користен за амбалажата. Значи во декларацијата нема нитрати и не би требало да прави проблеми иако знае да биде доста проблематична како состојка. Вториот производ има нафтен дериват веќе на втората позиција ACRYLATES/C10-30 ALKYL ACRYLATE CROSSPOLYMER кој се добива исклучиво од преработка на нафтата. Се надевам ти помогнав. Поздрав
@danichap ако не ти е проблем може ли да го пишеш целиот назив на кремите. Која е за над 50 првата или втората? Може ли преку интрнет да се порача?
Еве го конкретно оној за кого биодевојка имаше подобар впечаток. Јас го порачав од амазон. Нема старосна граница за користење на овие продукти, возраста беше онака споменета во случај биодевојка да има некој екстра совет. Се користи 2 пат на ден, но јас го користам само наутро бидејќи навечер користам други препарати. Конкретно, првен го чистам лицето со Клиник 1-2-3. Потоа нанесувам од Алое Вера концентратот ЛР(затега лади, освежува) па врз него доаѓа гелов.(Кремата од Алое Вера ЛР има слично смирувачко дејство врз кожата, и таа ја препорачувам) Кожата ми е многу мека и се осеќа пријатно. Единствена мана, ако можам да го наречам истото, јас сум со екстремно осетлива кожа(како и ти, доколку ме држи сеќавање ) која од време на време одредени делови морам да ги третирам со посебни креми. Во моментов во делот кај очите, од кремите само на Др. Хаушка можам да нанесувам, се друго пече, па исто и овој гел. Си го нанесувам еднсотавно на сите останати делови од лицето. Чекам за некој ден повторно да ми се враѕи лицето во нормала па да гповторно да го нанесувам на цело лице. Амбалажата е огромна и си вреди за парите. Од мене . Кога ќе испробам некој нов продукт за сува кожа пак ќе пишам. Сподели и ти, да си се консултираме .
@danichap мила ти благодарам на инфото Деновиве обавезно ќе ја нарачам кремата. Бев загреана за една друга исто со слуз од полжав ама имаше доста селикон во неа и се предомислив а ми ја фалеа ептен. Да ти кажам одвај чекам да ја пробам оваа од Амазон се надевам дека нема да и створи дополнителни иритации вака по составот е одлична и @Biodevojka тоа го потврди. Што се однесува до мојава кожа, до пред скоро време немав никаков проблем освен по некоја мала иритација пред менструација ама ништо страшно. Како се породив со малиов имав некој стресен период доста долго време, плус не спиење и нагло од нормална ми премина во чувствителна,доста сува и дехидририрана. Се нормализира ама и треба многу време а тоа ме излудува ,можеби дека сум навикната на перфектно чисто лице. Сувоста ми е најголем проблем и сеуште сум во потрага по идеална крема, до кога ќе трае незнам. Поентава е да е доволно хидратантна ама да не содржи одвратни состојки од типот на петролатум кој често го ставаат да е похранлива а уствари тоа е беља. Мојава моментална нега е доста обична Се мијам моментално со Balea Med Utra Sensitive пената,со оглед на тоа дека ретко се шминкам одлична ми е,можам да ја спореда со доста поскапи продукти ( инаку случајно ја открив), како крема ја користам таа на Nuxe Nirvanesque 1st wrnikles со семки од модар лотус и божур. Ова ми е второ пакување ама чувствувам дека некако ми се презаситува кожава па сакам да ја сменам со друга. За околуочна ја користам Dr. Scheller Bio Hyaluron & Amalol ноќната како похранлива и релативно сум доста задоволна сакав да се навратам и на кремата ама од кога ја сменија амбалажата скептик сум Од пред некој ден го земав New Skin Booster na Vivo Oleo по препорака на @Biodevojka како дополнителна нега па ќе видам како ќе се однесува. Кога че почуствувам дека имам прекумерно сушење ставам од Пантенолот на Дм и навечер ставам масло од Коноп- ладно цедено кое е незаменливо со ништо само немам веќе па ќе мора да се снабдам и од него. Од се до сега што сум користела маслово од коноп не се споредува со ниедна крема во смисол на хидратација и нега. Ќе заборавев измеѓу зна да прснам и од хидролатот ( ружина вода) на Мелвита кој исто е преубав. Тоа би било тоа, викендов бев во Софија и сакав да го купам серумот на Caudalie ама немале застапник за Бг. Кај вас има па слободно ти препорачувам да погледнеш нешто од нивната колекција вредат за парите. Јас цело време одложувам ама прва прилика да одам до Загреб ја купувам цела колекција за дехидрирана и осетлива кожа. Ако откриеш понатака нешто ново сакам да известиш и на други сувокожци верувам ќе им е од помош
@danichap кремава би требало да има огромна хидрирачка и омекнувачка моќ со оглед на тоа што е на база на алое. Пантенолот ја омекнува кожата и е одличен за сува кожа. Сакав да те прашам каква хранлива моќ има? Според мене структурата би требало да биде полесна (не многу масна) и веднаш да се впива во кожата. Меѓутоа ти ја користиш и повеќе од мене може да кажеш за ефектот врз кожата.
За онаа што ми ја покажа декларацијата погоре, со слуз до полжав. Ако разбрав добро ја купи така? извини и јас не се изјаснив добро
Sama se zbuniv bidejki ne e krema, Gel e ustvari. Mene me potsetuva na Pil of maska. Se nanesuva na liceto i vo prv moment ja custvuvam kako mi lezi na liceto. Ladi, zatega, omeknuva...prijatno custvo. Posle upivanjeto go imam on Glanz custvo na liceto. Kriticnite zoni mi se sredija i povtorno go nanesuvam na celo lice. Dobar e za elasticnost, Proton pojava na brcki a navodno i za tretiranje na luzni. Kako sto kazav pred sa go nanesam nego koristam kocentrat od aloe vera a posle upivanjeto na gelot cesto nanesuvam i krema na baza na aloe vera. Za mojata ekstra osetliva koza taa ja davam finalnata mekost i hidratacija.
Фала мила, така и претпоставував, со оглед на тоа што како база има алое вера гел и нема масло ми беше чудно што велиш крема (нема состојки за кремаста структура), фала ти за сликите. Да дава еластичност и добар е за брчки затоа што содржи колаген, ама според мене не е баш хранлив (нема масла, путери итн.). Ме интересираше ефектот на кожата и фала за објаснувањето. Поздрав
Tocno e okolu hranliviot del. Zatoa aloe vera kolekcijata ja koristam samo kako del od utrinskata rutina. Po tvoj sovet za navecer najdov odlicno resenie vo arganovoto maslo i kremata od rosa na dr.hauscka. Za dnevna nega sum seuste vo faza na eksperimentiranje i probuvanje
@Biodevojka koe e tvoeto mislenje za ovoj c serum sto se pravi od vitamin c vitamin e glicerin i voda,ima pisuvano za nego na predhodnite strani
Здраво драга, за домашен серум станува збор или за купечки? Може уште еднаш да го пишеш рецептот оти не знам за кој серум станува збор. Поздрав.
za domasen sostavot e vitamin c vo prav vo dm go imalo glicerin destilirana voda i vitamin e http://eyedetoxx.blogspot.mk/2013/02/c-serum-u-kucnoj-radinosti.html?m=1
Здраво драга, виtаминот Ц во формата ascorbic acid е многу нестабилен и многу брзо оксидира. За да се направи серум кој подолго ќе трае треба да се употреби неговата постабилна варијанта која и најчесто се користи во козметиката како Sodium ascorbyl phosphate или Ascorbyl palmitate. Опширно за витаминот Ц и неговото дејство имам говорено во две статии кои ќе ти ги прикачам овде http://biodevojka.blogspot.mk/2016/03/blog-post_4.html и http://biodevojka.blogspot.mk/2015/04/blog-post_49.html. Исто така мој совет ти е да внимаваш на количината. Станува сепак збор за киселина и не треба да се става во голема концентрираност. Помалку е повеќе во случајов. Ова е секако мое мислење. Поздрав.
Blagodaram mnogu.Mi se dopadna ovoj tvoj predlog so vitamin c tableta,jas gi pijam od californija fitnes tie se od 1000,se nadevam deka se dobri tie a za kolicina ke istolcam malku,mene bas za damki i mi treba.
Малку се јаки тие од 1000 почни со 500 мг. Исто така почни со повеќе вода па намали малку кога кожата ќе се навикне. Да не и направиш шок одеднаш. Поздрав
Знаете дали серумов го има кај нас и каде? По која цена се продава отприлика? Ако некоја го има користено нека сподели нешто повеќе. Благодарам однапред.
Dr.Viton VITAMIN C - FACE SERUM дали некој го користел серумов? Ме залажуваат некако рекламиве да го нарачам ама скептик сум кога нешто на големо се рекламира... Ваше мислење?
Јас го купив овој од ибеј 13$ http://www.skinfullofseoul.com/review-tiam-my-signature-c-source-vitamin-c-serum-formerly-o-s-t-c20/ заедно со други производи од корејската козметика,и можам да ти кажам дека е одличен.Се користи како 4 чекор во корејската рутина на нега на лице.