Voopsto ne se razbiram vo serumi,no vo posledno vreme gledam deka se mnogo popularni i faleni.Dokolku nekoj se razbira i ima iskustvo,da mi preporaca nekoj serum za normalna koza i da ne e mnogu skap. Inaku gledam deka mnogu koristat od serumot so vitamin c sto go ima vo dm,dali e dobar i za sto se koristi?
За хидратација, за изедначување на тенот, за нерамнини, за флеки од акни. Но бидејќи е серум после него ќе мора да ставиш спф крема.
Го земав кремот со азелаична киселина на True Alchemy за акни, со што можам да го користам заедно? Имам премногу сува кожа, со кои серуми и креми смее да се комбинира?
Дали ги имате пробано новите серуми на Гарниер и доколку да, дали сте задоволни од истите? Досега ја користам хијалуронската киселина на Ревокс, додека пак со Витамин Ц немам искуство.
Дали ги има кај нас во Мк ? Јас ги немам приметено , доколку да те молам кажи ми каде .. многу се фалени од страна на блогерки во Србија особено витамин Ц серумот
Со хијалуронска киселина може да се комбинира. Навечер, по чистење на лицето, на навлажнета кожа прво серум со хијалуронска киселина, па азелаинската киселина и ако имаш потреба врз неа може крем за многу сува кожа, на пример со 5% уреа. Наутро задолжително СПФ.
Се уште ги немам видено во продавнициве но видов реклама за нив и така ги дознав, така што сигурно ги има само можеби на многу ретки места засега. Ако видам некаде ќе те имам на ум да ти кажам. Инаку баш за Витамин Ц серумот ме загрижува тоа што во состав има и Витамин Ц и салицилната киселина. Знам дека Витамин Ц не се комбинира со ниедна киселина па ме зачуди кога го дознав ова. Што мислиш, според тебе, дали е океј да се мешаат тие две состојки во еден продукт?
Леле да и јас тоа го приметив , искрено немам огромно познавање во тоа но според мене сигурно се избалансирани со мали % така да не би требало да дојде до иритации , обично 80% се позитивни рецензии што читав
Овој серум на натура сиберика или ревокс витамин ц? Ќе го користам во комбинација со ниацинамид, што би ми препорачале? Имам многу ситни флекички и онака сакам изедначен тен
Да, може да се употребува серум. Конкретно за што ти треба, тоа ќе земеш: Серум со хијалуронска киселина за хидратација и освежување на кожата. Серум со витамин Ц за неизедначен тен, флеки и лузни, заштита од пигментации. Серум со ниацинамид за регулирање на себум, намалување на пори, флеки и лузни.
Цел форум го превртев ама никаде не видов да е спомнат. Што мислење имате за ниацинамид серумот на Балеа?
Многу позитивни рецензии читам и јас сакам да го земам Доколку ти е од помош прочитај ја денешната рецензија на инста профилот mincyys
Кога станува збор за вит ц , Аскробиска киселина е дирекна форма на витаминот, затоа и е мн нестабилна. Поради тоа најчесто А.К ја мешаат со деривати за постабилност ... Што значи кога купувате вит Ц најпрво гледате состав, дали е формулата со А.К тогаш според мене вреди да го купите пошто знаете дека ќе делува (пошто е нели дирекна форма ) исто така се гледа и процентот на застапеност на А.К За почентици помал процент е подобар ( од 5 до 15%) за да не дојде до иритација на кожата. И преферирајте во темна амбалажа со УВ заштита, пошто брзо оксидира.
Дали некоја феминка има искуство со овој серум, од URMA сајтот, случајно го видов. Одамна барав ретинол серуми, ама во скоро сите во составот стои масло, а мене воопшто не ми прија масло кога има, дури и сквалан. Пример за Сона кремот, никогаш не го користам кремот, туку гелот, бидејќи во кремот во составот има сквалан. Е на овој составот му е претежно алое вера, ретинол и нијацинамид, со оглед што ретинол е 2.5%, после него во состав е наведено нијацинамид, другите екстракти се во занемарливо мали количини. Доколку сака некоја поупатена феминка да сподели мислење, добредојдено би ми било Еве линк до серумов: https://urma.mk/product/cos-de-baha-retiol-2-5-serum/ Сликиче: И доколку не ви се отвара сајтот, еве го составот: *Aloe Barbadensis Leaf Extract(hydration/skin replenishing/Vegetable), (hydration, Non GMO Corn),Retinol(skin-restoring, anti-wrinkles), Sodium Hyaluronate(hydration/skin replenishing), niacinamide(vitamin B3, skin-restoring ), 1,2-Hexanediol(Prevent oxidation), Polysorbate 20(texture enhancer), Tocopheryl Acetate (Vitamin E), *Rosa Damascena Ext,*Lavandula Angustifolia Flower Ext,*Camellia Sinensis Leaf Ext,*Melissa Officinalis Leaf Ext,*Artemisia Vulgaris Ext, Disodium EDTA *Mark: Organic Ingredients. Organic 50% Го гледав и тој на Nacomi, арно ама во составот пред ретинолот стои масло од соја што некако не ми се допадна, мислам дека повеќе проблем ќе си направам. Едно 90% сум сигурна дека ќе си го порачам серумов, само чисто вака сакав и ваше мислење во однос на составот и општо за производов доколку имате некое искуство или ваш близок.
Па јас последно што земав, може беше август, нели по малце ставам, дека не бев во Скопје летово, брат ми ми купи и мислам од зегин. Ама можно е во Зегин од патот што е кај Чешиново. Ама ако имало во еден Зегин, претпоставувам во сите го има. Еве овој е. Нема масла во составот, нит сквалан и е мислам 380, за разлика од кремата што е за некој денар поефтина. Е сега при крај сум, па барам еве дали овој серум, дали пак Сона гел ако има, не знам...