Дали си била на дерматолог? Ти се појавува перутење на кожата (околу веѓи, покрај нос, покрај коса) и црвенило проследено со чешање?
Да, порано имав мрсно лице, па ми се појави себореја и мн првут во косата, решение долготрајно нема за оваа болест така да.... И овој
Да јас го користам скоро цела година цинк серумот од овој бренд. Трето или четврто шишенце дотрошувам и откако го вклучив во дневната рутина и покрај тоа што по 8 саати сум со кн95 маска на работа лицето ми е чисто. Претходно мака мачев со акни од маските. Исто и лачењето на себумот ми е стабилно зошто имам масна т зона. Е сега другите не сум ги пробала зошто имав залиха од ординери серумите ама наредно и хијалуронскава би ја пробала зошто мачно ми е со нарачувањето и чекањето. Ако го земеш баш сподели искуство. Јас генерално позитивни рецензии читав за брендов.
Овие два производи се најгрдите што досега ги имам користено, така да ако планирате да купувате од овој серум, размислете уште еднаш. Од чисто лице, почнаа да ми излегуваат мозолчиња, досега немав такви проблеми. Маскарата е за никаде…
По кој редослед се користат серумот со хијалуронска и Витамин Ц серумот? Наутро да ставам од двата или едниот да го оставам за пред спиење?
Може да се комбинираат заедно. Витамин Ц прво, па после хијалуронска киселина. Но, јас би ти препорачала ако првпат ги пробуваш витамин Ц насабајле и после него СПФ, а хијалуронска киселина навечер, па хидратантен крем.
Јас не сум мислам дека не направи ама баш никаква промена на моето лице. Земав и 2ро шише као да му дадам на време ама после тоа се откажав и го дадов на другарка.
Zdravo devojki, bev na kozmeticar mi prerporaca da go koristam hijaluronskiot serum na Bioderma. Dali e ova toj hijaluronski serum ili ima nekoj drug? I kako ste zadovolni od serumov? Fala vi.
Да, тој е. Јас го користам, веќе второ шишенце, при крај ми е. Океј си ја врши работата, ја хидрира кожата и брзо се впива. Обично го користам во ноќната рутина пред Сона кремата а по потреба го вметнувам и во дневната рутина.
Дали некој го користел нијацинамид серумот од inkey list и од каде освен од страната се исплаќа највеќе да го купам?