Јас го користам. Мене ми е сосем солиден и не го менувам. Флеки немам. За нив колку што сум читала треба подолго и редовно користење.
Уште ли го користиш? Ќе ја тагнам @Biodevojka мислам дека содржи ретинол, а трудници не смеат да користат ретинол.
Не. Сега дур сум трудна сем тоник, гел за миење и крема ништо не користам, пошто не знаев што е дозволено/недозволено. Се консултирав и со @Annath исто и таа ме советуваше дека сега нема потреба од ништо дополнително. Неколку месеци по пораѓај ќе можам да продолжам со рутината.
Кога користев гел за миење лице, кожата секогаш ми беше пресушена. Се префрлив на пена за миење лице, и искрено, многу подобро ми е. Имам комбинирана кожа, сега веќе кон нормална, оти маснотијата во т-зоната ми е скоро па нормализирана, како резултат на редовните рутини. Јас ја користев пената за лице со масло од смиљ на Оливал, преубава ми е, сега користам пена за лице со витамин Ц на Новексперт, и тоа подолг период, решив да не ја менувам оти ми одговара на кожата. Што е најбитно не ми го пресушува лицето. И исклучиво со ладна вода мијам лице.
Го има ли некој користено Novexpert - Booster Oil 5 Omega? Kои се придобивките? Долго време се мислам дали да го земам.
Ве молам за препорака на серум за суво лице со почетни брчки околу очите и изразити на челото. Имам 29 години но досега немам воопшто користено серум. Ќе ја замолам и @Biodevojka за помош и совет исто така. Цена некаде до 1500 ден. Ви благодарам
True Alchemy немаат нијацинамид? @Waverly Raven, тој на Balea ептен го фалат, ама никаде го немам видено веќе одредено време. Јас го имам и на Q+A користено тонерот со нијацинамид, ама некако не бев воодушевен, се вратив на Revox.
Најверојатно не постои нијацинамид од true alchemy. Инаку од балеа и јас го барам ама го нема, од q+a го гледав тонерот ама содржи само 5% нијацинамид, а овај од ревокс шо го користев 10% и нема да ми врши работа. Од inkeylist го фалат ама содржи и сквален шо ми ги запушува порите и затоа не би го земал.
Има на Olival нов серум, Витамински серум Б3, 8% ниацинамид, отвори на страната на тесори ди маре мк, околу 1100 денари е. Мене нивните производи супер ми се покажале.
Да да, мала концентрација е. Не можам да кажам за некој резултат зошто до пола дојдов и го прекинав. Порано го користев на La roche posay тој супер брше а имаше 10% Наредно ќе го пробам тој на Novexpert , мислам најголема концентрација има 25% и е стабилен вит Ц така да не мора да се чува во фрижидер
Јас тој на LRP го гледав во аптека и солена цена имаше во споредба со другиве над 2000 беше ама госпоџата во аптеката немаше појма колку % е и баталив. Сум заборавила да го изгуглам. Јас еден период правев електрофореза и дерматологот ми ставаше ампула витамин ц, директно на кожа и после со електроди со помош на струја ти го вброзгува во подлабоки слоеви на кожата и бев презадоволна. Само што ова беше пред 6,7 години и тогаш појма немавме за овие состојки и серуми па не сум била заинтересирана нешто посебно колкава концентрација бил тој во ампулата. П.с од тоа што го имам учено на факултет како биохемичар ниеден витамин ц не е стабилен.
https://elloxy.mk/?product=one-thing-niacinamide-10-150ml Можеш да го користиш и како тонер и како серум, не е многу густ, не е ниту премногу течен Скоро го нарачав и прв впечаток - топ!
Здраво драга ја би ти го препорачала овој кој според мене е најдобар иако е доста евтин (нека не те буни цената). Мене лично ми е еден од омилените, а и целата линија од оваа марка е прекрасна. Би ти го репорачала во комбинација со кремот од истата марка, односно овој За околу 800 мкд ќе ги земеш двата производи заедно, а верувај дека се предобри (и двата ги имам користено). Поздрав Овој е најдобар моментално кај нас на пазарот Го имам рецензирано и во видео