Го немам овој пробано, ама тој погоре, glow cocktail ми е многу убав. Плус има светки и дава убав сјај на лицето. Мора спф над него, задолжително, оти има витамин Ц.
Здраво девојки, ова е моментално мојата кожа (овие црвенки ги стискав пред 10 минути од нервоза, инаку се онакви whiteheads и само на допир ги осеќам дека ги имам). Имам комбинирана кожа, црнки околу носот и нагоре меѓу веѓите, а и на брадата. Ставам ниацинамид ама некако немам ефект. Сакам да ми се изедначи тенот и да ги немам флеките и тоа мало црвенило. Што би ми препорачале од серуми? Инаку double cleansing правам а користам крема од конопка, зелената. Фала ви
Мрсна ти е, не ти е комбинирана. Имаш проширени пори. Ова да го земеш Glow Coctail на Моса, Витамин Ц серум. Една неделно маска од краставица или од алое.
Мене нијацинамидот не ми помогнаа воопшто, напротив ми создаваше акни ситни и го баталив. Јас ти го препорачувам витамин Ц на Новрксперт презадоволна сум од него , тој наутро го користам, а навечер исто од Новексперт хијалуронска киселина. Ако ти е прескап Новексперт има др алтернатива на True alchrmy 13% или тој бубаче што ти го препорача на Моса
Мрснаа.. па образите никогаш не ми се мрсат, порите ми се само околу носот.. како точно да знам? Фала ти инаку
Здраво. Имам серуми на Др.Витон, хијалуронска киселина и ретинокс. Како да ги користам на суво или на навлажнето лице? Секаде прочитав различно, а денес во аптека ми рекоа Хијалуроникот на сува а Ретинокс на навлажнета кожа. А јас мислам обратно е
И мене ме интересира ова. Ако некој го користел нека сподели искуство. И дали може да се користи и сабајле и навечер? Или е доволно само еднаш во денот? Дали се користи на полувлажна или сува кожа?
Денес го земав овој, ми се виде ефтин за квалитетот што го опишува. Витамин Ц серум со нијацинамид и салицилна киселина. Околу 285ден. од ДМ маркет. Инаку неделно правам Аха Вха пилинг со ТО серумот и сега со овој почнав па да видиме. Препорака за Ретинол/Ретиноид серум?
На Моса glow cocktail како замена за витамин ц или? И дали можам хијалуронска на ревокс? Барам нешто budget friendly..