Скептик бев дека серумов ќе направи некоја промена ама после неколку месеци користење се уверив дека е неверојатен, бустер во права смисла. Ми ја "зарумени" кожата, мазна, хидрирана, летово само со него ќе пројдам. Други хијалуронски ми ја мастеа кожата, овој е совршен.
Почеток на март го купив, нешто повеќе од пола ми е потрошено, една капка е доволна за цело лице. Тогаш начекав попуст 1100, а редовна е 1500, вреди и за редовната цена искрено
^Преценет е за цената, го гледав и јас меѓутоа според рецензиите што ги читав идеален е за сува кожа.
Јас имам комбинирана кон масна кожа и бустеров на Vichy ми е одличен. Воопшто не масти дополнително, не затнува пори, не светиш отпосле Дава здрав сјај и кожата изгледа супер во текот на цел ден, дава свежина и мекост на кожата
Серум од белина за комбинирана кон масна, но да не е многу скап? Моментално го имам од натура сиберика антиоксудантен со ц витамин.
Серумите генерално се за сите типови кожа, зависи кој ефект сакаш да го постигнеш. Од поевтините серуми што ги има во Белина, овие се мој предлог Спојлер: серуми Мислам дека било кој да го одбереш, нема да згрешиш, јас само првиот го немам пробано, од другите два сум задоволна, имам комбинирана кожа.
Што друго користеше во меѓувреме? Јас се разочарав од Виши ептен, а планирав овој серум да го земам. И на крематата со СПФ50+ им пишува matte, oil control и такви глупости, а уствари е мрсна и дополнително те светнува. Сега за секој производ од виши сум скептик. Сигурна си дека од серумот имаш вакви wow резултати? А, не е скап како за виши серум. Инаку овој серум го користам недела дена. КАТАСТРОФА! Ми го израсипа лицето, ми го поцрвене, ми направи темни флеки и ми испаднаа ситни бубулици и болни поткожни акни. А, го користев по упатство, плус, СПФ50 обавезно. Среќа престанав да го користам пред 2 дена и сега лицето ми се среди пак.
Јас па зедов од хијарулонот, сега баш почнав да го користам. Ме исплаши и на мене сега да не ми се напраат бубулици и чуда
Не знам за хијалуронот, ама нијацинамидот ваљда ми го изби лицето. Значи производот ми е ептен без квалитет. Нула.
Па искрено овај мојов ме посеќа на гелот со алое што е, дека и тој е како серум а не само хијарулон. Ама општо некако креми од гарниер до сега ништо посебно, не сум била баш задоволна, освен овај пат цената што ме прележа...
Дека сум бремена, цела бременост ја користев Хидрабио кремата на Биодерма (таа без СПФ), и после серумов. Ништо ама баш ништо друго, наутро веќе не бев ни мрсна за да користам гел за миење. Претходно користев и АХА БХА на Oridinary, нијацинамид (веќе никогаш на мое лице), тонер, крема за под очи итн, ама откако ја упростив негата само на овие 2 продукти луѓе кожава ми е како нова, не ми свети веќе ни после 2 саати со пудра, мазна е, не сум избила ниту еднаш и покрај толку осцилации со хормони во бременоста, и си реков веќе ништо друго не купувам. И јас не бев фасцинирана од кремата со СПФ, ама од ова многу се изненадив и затоа решив дека ќе дадам шанса и на серумот со витамин Ц, имам пеги од сонцето и би сакала да видам дали ќе помогне. Ама ќе го чекам на попуст, да не ми е криво ако не е добар.
Читам доста одлични рецензии за Novexpert серумот Ц витамин. Од кај може да се нарача и колку кошта? Како се користи? Уште некоја членка со искуство од истиот серум слободно нека ми пише, пред да се убедам да лупнам уште некоја пара по серуми.