Серумот може да го нарачаш од Белина.мк или ако си од Скопје ја има продавницата по моловите. А за користење си пишува на страната а има исто и ривјус. https://www.bellina.mk/
@IamSexyAndIKnowIt јас го користам во Белина можеш да го најдеш 3000 ден чини. Толку време му се мислев и кога дојдов во Мк се решив да го земам. Многу сум задоволна резултатот е изедначен тен, го користам по тоникот, па серум па крема и потоа спф крема. И само наутро го користам , а на него пишува може и навечер да се користи. Од овој серум со вит Ц и од тој на Ла рош сум била најзадоволна
Јас тестер користев,го имам и цело шише само не сум го почнала. Од тестерот бев презадоволна, ефектот што го нуди е предобар,изедначен тен исчезнати лузни од акни на лицето.
@buba4e89 @koritsaki Го нарачав. Го користам веќе 5 дена и немам никакви резултати освен уште по масно лице. Не ми се изедначува тенот имам благи депигментации и секако ми е поцрвено потемно(со проширени пори) некако за разлика од вратот, деколтето.(Малку ќе бидам офф топик) Плус, внесувам Ц витамин директ, лимони портокали цедени секој ден, 3л вода. Правам пилинг со Aha Bha на ТО секоја недела. Исхрана строго без шеќери и транс масти. И пак премногу масна кожа на лицето. Користам нежни ходратантни средства за миење и креми плус спф Еуцерин(демек anti shine oil control) а, уште толку светам. Пазам да не го иритирам. Не знам повеќе што да правам. Имав надеж за овој серум, па ќе видам како ќе се покаже понатаму. Едино кога не ставам ништо и кога не правам ништо лицето ми е по смирено и почисто, помалку масно. Хелп! Се мислам да почнам со Ретинол серуми, витамин А.
Има голема шанса витамин ц да ти го иритира лицето, мене досега било кој препарат од витамин ц, дали скап или евтин, многу ми го иритираше лицето. Не знам зошто се затрчувате по толку скапи серуми без да пробате тестер. Овде па го скапаа рекламирање.
За 5 дена искрено да ти даде резултат некој серум е малку време, каков и било серум да користиш. Можно е па и да не ти одговара. Не мора да значи дека ако на мене одговара ќе одговара и на тебе. Може прво требало тестер да земеш барем во Белина имаат тестери да пробаш
Може не е до серумот,може клинсерот и серумот да не одговараат па да ти го прави лицето масно. Што клинсер користиш? Ама и 5 дена се премалце да се каже,можеби после месец,месец и пол и можеби е ова фаза. Не е исклучена можноста да не ти одговара, требаше тестер да земеш.
Баш така. Еве јас зедов тестер и воопшто не ми се виде нешто вредно толку пари, ко масленце обично да се шлапкав ми беше. Додека пак, на Тру Алхеми тој 13%, чувствував дека навистина ставам нешто добро на лице, ме пецкаше, чувствував дека нешто и прави на кожата. Така да, следен ми е тој за купување, откако ќе го завршам на Оливал кој исто ми е никаков.
Ќе ми одговори некоја шо користи Retinol серум, искуство, препорака ова она? Или уште еднаш да прашам?
Јас користев Ретинол серум во сквалан,почнав со најмал процент. Првото шише цело го потрошив океј беше,лицето поубаво ми изгледаше,малку позатегнато, помалку ми се мрсеше ама тогаш зима беше и сува ми беше кожата. Сега е лето,мислам не е идеално за ретинол. Второто шише беше со поголем процент исто во сквалан ама за жал некој резултат не видов, освен црвенило на кожата и по некоја ситна акна и го баталив. Инаку,ретинолот во сквалан е мрсен и му треба време да упие,го користев претежно навечер и веднаш после него ставав крема,не чекав да упие. Зборувам за ретинолите на Ординери.
И јас го користев тој на The ordinary во сквалан , по убаво ми изгледаше лицето кога го користев, наутро беше малку повеќе мрсно но не ми беше воопшто битно. Не би го купила пак зошто рокот од отворањето на шишето е 2 месеци и скоро цел производ фрлив. Наредно би го земала тој на La roche posay, здравје на есен. Сега во лето користам витамин ц и хијалуронска
Ја пресушуваш кожата, затоа ти лачи толку маснотија. Не мора да претеруваш со производи, доволно е чистач, тоник и спф крем летово. Чистачот нека биде за сензитивна, осетлива кожа, не за масна, оти тие за масна кожа се поагресивни и ја сушат, па кожата уште толку се масти. Пена за миење лице, тоник за комбинирана кожа и спф крем по твој избор, тоа ќе ти биде доволно. Навечер може да вклучиш некоја мицеларна вода или млечен чистач за спф и шминката.
Планирам и јас да го земам тој на La Roche, читав дека е најдобар за почетници. Ама веќе сум скептик за сѐ. Од ништо не гледам резултати. Планираш да го пробаш овој.. Ideal for first time users, this cream contains 0.3% retinol so it won't leave you red faced. Like all La Roche-Posay's minimalist formulas, this has been created with sensitive skin's in mind and so it's free from preservatives, fragrances, colourants, or parabens. It's worth noting how reasonable the price is, too. Или овој..? This anti-aging pure retinol face and neck serum leaves skin feeling smoother, hydrated, and renewed. As a result, the look of lines, wrinkles and premature sun damage is reduced. This retinol serum combines concentrated pure retinol and vitamin B3 for optimal effectiveness while also being suitable for sensitive skin. Вториот е со 0.1% pure retinol, хијалуронска киселина плус нијацинамид(шо не сакам да го користам)
Можеби ти било прерано да почнеш со поголем процент, иритацијата се појавува ако не се користи правилно или ако уште кожата не ти е навикната на помал процент.
Јас лани лето го користев, од топлото се нафрлав затоа што тогаш ми е помрсна кожата и супер ми беше, заедно со гел/пилинг го користев. Да се надополнам само, прочитај наназад мислења, од оваа линија зелената мислам дека многи се жалеа дека се нафрлале, кај мене немаше таков ефект, јас тоа го прочитав откако ги земав Ако имаш сува кожа не е за тебе.