Јас го користам, се е океј, не ме печи, но после нанесување кожата ми се вцрвенува. Дали и тебе ти се случило?
Не, кај мене немаше таков ефект, баш ми одговараше кога кожата повеќе ми се мрси. А ти се вцрвува на пример сега ставаш и после нанесување некоја минута, или цел ден си врцвенета?
Со оглед на тоа што има гликолна киселина, најмала раничка да имаш на лицето, може да предизвика реакција. Мене ми се има случувано исто со овошните киселини.
Јас исто вака се вцрвенувам цела од алое вера, но нема во составот, со киселини сум немала ваков проблем.
Дали некој го користел? Задоволна сум од ефаклар кремата и гелот за миење, па сакам да го вметнам и серумов.
Лани еден краток период почнав да го користам, но кога видов дека во составот има ретинол го прекинав затоа што сметам дека за мене тоа е рано. За резултати не можам да зборувам, го користев прилично кратко време, но можам да кажам дека не ми направи некој проблем или негативен ефект на лицето.
Го имам користено на ординери ретинол серумот во сквалан. Не помнам кој процент беше, но не најслабиот. Презадоволна бев, лицето убаво, изедначено, чисто, мазно. Се става само преку ноќ и се паузира летен период. Да се породам и планирам да го користам пак. Е сега не знам колку сум репер за ефект од серумот зошто имам чисто и нежно лице, ама секако секој производ си има воочлив ефект и кај мене. Во секој случај нарачај го супер производ е.
Дали го имате користено Балеа аква серумот? Го земав наместо кремата од истата линија и ми се направија акни откако почнав да го ставам. Чудно ми е бидејќи со кремата немав ваков проблем.
Дали ставаш крема врз него? Бидејќи ако не ставаш а во него има хијалуронска киселина може да предизвика акни.
Не ставам крема. Само серумот го нанесувам а искрено појма немам за состав. Мислев дека е исто ко до кремата па затоа го земав.
Здраво Гледам од дамна ти е мислењево, ама сепак да си прашам. Да не знаеш дали има тестер по продацниците на белина за овој производ? Баш сабајлево го гледав на нивната страна и ме заинтересира бидејќи во коментари прочитав дека помагал и при мелазма? Дали можеби некој има искуство и со такви флеки и дали ова би помогнало?
Го користам и јас моментално, но навечер. Лицето следниот ден ми изгледа навистина убаво. Мислам дека нема тестери.