Дали некој го има користено серумов ? Во составот има нијацимид, алфа арбутин, витамин Ц и азелеоглицин.
Јас дури го користев ми беше врв лицето и после него си остана такво. Тестери имаат ама не знам дали имаат на лагер,пред месец дена им барав од друг производ ми кажаа дека брзо им се трошат. Мосата содржи витамин Ц така што ќе ти ја хидратира кожата и изедначи тенот.
Ако нешто порачаш од Белина, на крај пред да порачаш има да избереш тестери, со сигурност го имаат серумот на тестер. Само за во продавниците не знам
Зедов серуми ниацинамид и хијалурон.Како се користат,колку пати во неделата и дали може од двата наеднаш или еден сабајле еден навечер.А ако се ставаат заедно дали треба да бидат временски раздалечени? Eден куп прашања
Дали го имате пробано серумот на Лавера? Оваа козметика германска ли беше? Имам креми пробано солидни се, мислам дека во Германија се поефтини за разлика од овде, па да си нарачам моите да ми донесат.
Нијацинамидот јас го користев насабајле ама ме исфрли и тоа мн пати му дадов шанса па го фрлив на крај и за преку ден вметнав витамин Ц За навечер користам хијалуронска киселина на навлажнета кожа па потоа кога ќе се упие нанесувам крема. Секој ден може да ги користиш инаку
Јас го користев наутро, заедно со тоа што ќе нанесеш прво ниацинамидот ќе почекаш да упие па после со помош на туфтер ќе ја навлажниш кожата па ќе ставиш хујалуронската, не чекаш да упие ќе ставиш веднаш крема па крема со спф. Моја препорака е овие да ги почнеш кога ќе залади,премногу е топло за нив. Кој серум? Стави слика полесно е.
Овој серум го имам користено пред неколку години и дури денес читам на шишенцето(што го најдов дома залутано) дека има ретинол. Пред толку години не знаев 100% што е и за што користи ретинолот ама забележав дека серумот ми го правеше лицето по мазно. Планирам да почнам со користење на чист ретинол, а тоа ми помогна да се одлучам. Значи се покажал како корисен на мојата кожа. Дали уште може да се најде истиот серум од др. Витон?
Да. Јас го користам на Novexpert и ставам од Моса спф30. Многу убаво го прави лицето,го изедначува тенот.
И јас го користам скоро 4 месеци и не гледам никакви подобрувања, кожата ми е иста дури и полоша. Иако пазам на се друго и обавезно користам спф50. Ми се допаѓа само ефектот после размачкување. Благ природен сјај.