Кој ги измисли господ здравје да му даде. После две години стресен период, едно утро станав и се гледам уморна кожата потемнета како да сум јас. Е овие два ме спасија. Прво гокористев тој десно ама сега го завршувам лево..
Веќе го нарачав овој од true alchemy . Кога е најдобро да се користи? И дали може да се кобинира со хијалуронската киселина од true alchemy.?
Самостојно го нанесувам јас витамин Ц серумот наутро ама не од тој бренд. После ставам крема со спф. Мене вака ми е доволно.
Некој да сподели искуство со Тиам Вита б3 серумот? Барав неколку страни наназад, ама не прочитав искуство
Мене ми е во план да го земам овој, се нанесува на сува или полувлажна кожа? Дали може да се користи и сабајле и навечер или е доволно само еднаш?
Ваљда мисли хијалуронски. Јас мијам лице, тонирам со тонер од Неутрогена, Ставам серум Б3 од Виши, па после ствам серум со Хијалуронска 89 од Виши и на крај крема од Неутрогена.
Според мене немаш потреба од хујалуронска после витамин Ц серум. Можеш да ја користиш самостојно навечер со крема за лице.
Не знам кај да го поставам прашањево, па ајде тука. Имам 22 години и веќе имам брчки на лице, околу устата и измеѓу веѓите најмногу. Значи се фрустрирам кога се гледам. Дали имате некоја препорака, серум, крем, било што што би ги намалило?
Брчки ни еден производ не може да намали, за твоја возраст само е потребна доволна хидратација на кожата и користење на спф крема секојдневно. Какви производи користиш?
Ништо посебно, баш тоа што рече спф и хидратантна крема. Лицево го мијам со гел Балеа Мед, спф користам од Еуцерин, а хидратантна крема моментално преку ден ја користам на Ревокс од јапонска цреша и оризово млеко, а ноќна Афродита од невен.