За кој поточно Vita B серум се работи. Јас користам Vita B од Eyenlip незнам дали е истиот во прашање
Не не се работи за истиот . Јас го користам овој моментално преку ден а за вечерна рутина од иста линија само пептид серум
Искрено не ги користам многу долго време тек сум на половина шишенце за да можам со сигурност да сумирам впечаток. Како за почеток сум задоволна. Јас имам многу сува кожа склона кон брчки речиси 38 год. Освен нив како последен чекор во ноќна рутина ми е и кремата salmon oil и сега за сега можам да кажам дека од сите заедно сум задоволна имам видно подобрување на околуочна регија брчките се помалку видливи (знам дека со креми не се бришат брчки но кај мене беа премногу изразени заради дехидрирана кожа). Се на се за почеток сум задоволна па ќе видиме понатаму .
До таа цена мислам единствено Ревокс хијалуронска или нешто од Балеа, имаат продукти со хијалуронска. Провери во ДМ. Провери и онлајн нешто од The Ordinary, обично серумите им се околу 7-8 евра.
Го има во Белина, околу 330 денари е. Веќе трето шишенце користам, одличен е и за оваа цена мислам дека нема подобар. Препорачан од @Biodevojka
Лично гарантирам за овој ерум. Предобар е. Навистина доста еконоичен за разлика од многу други а многу функционален.
Јас подолго време се мислам за хијалуронскиот серум на novexpert. Ме интересира искуство на оние што го имаат користено подолго време. Дали вреди да се инвестира дали навистина резултатот од употреба е како во описот на производот.
Мене многу ми се допаѓаше, го имав купено помалото шишенце од 10мл колку за проба. Ама не би дала пак 3000 денари или 1200 за малото пакување, зошто и со серумот на The inkey list што го користам моментално го добивам истиот резултат.
и јас мислам дека нема потреба од трошење толку пари на серум со толку евтина и едноставна состојка како хијалурон, има еден куп други хијалуронски што ќе ти завршат иста работа (хидратација и моментален, минимален подобар изглед на брчки поради хидратација) но не очекувај нешто повеќе од тоа
The Inkey list од кај може да се порачаат? Сакам да пробам нешто од нив, до сега само ревокс користев.
Благодарам баш од истите причини бев и скептик сепак не е евтина варијанта. Сега за сега останувам на eyenlip бар до сега видов воочливо подобрување. Имам уште едно прашање со последна нарачка на подарок го добив One thing tangerine serumot пишува дека содржи 8 вида хијалуроска киселина и екстракт од мандарина . Нема проблем ако го користам истиот со серумот вита б и пептидниот?
Серум за лице за комбинирана кожа што може да се користи и како подлога за шминка? Уште ако е антиејџ би било бонус. Таков најдов на Алверде и бев задоволна, но тој има кремаста структура, а јас сакам течна. Го имам користено и на Белина, навистина е предобар, но сакам да сменам.