Дали некоја го користи овој серум, да сподели искуство? Почнав да го користам и воопшто не ми се допаѓа. Прво со пумпицата едвај се влече од внатре нешто,мора по неколку пати да стискаш. Густа текстура. Некни нанесов пудра и буквално ми ја избриша од лице, осетив страшна тежина.
Мене самиот серум ми де допаѓаше, имав супер ефект. Меѓутоа не ми е исплатлив, 15мл за таа цена. Пипетата и кај мене беше проблем па туривав од шишенцето директно на дланката.
@buba4e89 хидратација а имам прилично сува кожа, само едно шишенце искористив не знам што би се случило да продолжев.
Мене ми се појави црвенило околу носот и whiteheads на исто место и околу брадата. Не ми се допаѓа,мрсна ми е кожата.
Јас тој серум на Mossa vlift го подарив на мајка ми. Ми кажаа во Белина дека е наменет за зрела кожа. Баш кога ќе почне да го користи ќе пренесам на форумот
@buba4e89 и јас го имам, истиот впечаток како и твојот. Мене како леплив ми е некако, ми направи и ситни мозолчиња и го оставив, а читав убави рецензии на Белина. Можеби проблемот е тоа што спомна @koritsaki, не е за наша возраст, па да ги подариме на мајките.
Некој дали го користел скоро витамин ц серумот 13% од true alchemy. Го купив пред еден месец, ама го отворив вчера и чуден ми е на боја, многу е жолт, дури накај портокалово. Дали е таков или мојов оксидирал од некоја причина. Рокот му е добар, стоеше во оригиналното пакување и во плакар на темно.
Побистар е малку од овој на сликата. Ќе му направам тест прво на рака, ако не направи реакција ќе почнам да го користам.
Каква крема користите после серумот со хијалуронска киселина? Дали мора да е крема со помал процент на хијалурон или може била каква крема за хидратација и смирување? Инаку го користам серумот со хијалурон на Q&A. Предобар е одма има ефект после првото користење. До сега немам резултат толку брзо од ништо. https://cdn.shopify.com/s/files/1/0...aluronicAcidFacialSerumAward.jpg?v=1658763953