Јас серумот го немам користено, ама од кремите на Моса не сум воопшто задоволна па не се осудувам и серум да земам. Некако оваа линија не ми одговара на кожата.
Обичен хидратантен крем. Јас користам серум со хијалуронска киселина и сквалан, после него крем со пептиди.
Обично после хијалуронската(пошо ја ставам секој ден и секоја ноќ) ги ставам другите серуми, во ноќната рутина, после неа ставам ретинол(2пати неделно) или нијацинамид(зависи за што е редот). Дали има врска ако не ставам одма крема по серумот со хијалурон, туку ставам прво друг серум па крема?
Серумот е солиден за цената и прави одлична длабока хидратација, ја омекнува и навлажнува кожата перфектно, ја прави да изгледа PLUMP и свежо. Да, понекогаш пред излегување под шминка го ставам и јас, не го мрси лицето, на полувлажна кожа се става и се масира додека не се впие. Но, мислам оти е само трошење на производот ако го ставаш под шминка, пошо најдобро е наутро и пред заспивање по чистење на лицето.
Во рутините обично еден серум користам, никогаш во комбинација со друг. Колку што знам, серумите со конкретна активна состојка не треба да се мешаат меѓусебно, за да дојде дејството на активната состојка до израз, без разлика дали е хијалурон, витамин Ц или ретинол. Подобро да не се мешаат, па ако ставаш хијалурон сабајле, навечер ставај или хијалурон или нијацинамид или ретинол зависи на што му е ред, и после крем.
Се согласувам со @Annath , @IamSexyAndIKnowIt мислам добивсш спротивен ефект поради мешањето на мн серуми истовремено. Јас ги имам распоредено, сабајле секогаш вит Ц, навечер ретинол, деновите кога не користам ретинол користам хијалуронска.
Препорачајте ми серум за кожа склона кон акни кој не прави дополнителен проблем Ми треба нешто за хидратација и зајакнување на кожната бариера, па и за флеки.. Го користам Минерал 89 на Vichy долго време, одличен е ,но како да ми се презасити кожата од него..
Ако сакаш стрикно за флеки овој на Ла рош или на Виши, имаат исто со витамин Ц од кој бев презадоволна. За акни , овој
Здраво, Сакам да го земам нијацинамидот и хијалуронската киселина од The Ordinary. Исто, ќе ја земав и салицилната ама на Deciem ми покажува дека ја нема на залиха. Дали би било во ред да земам салицилна од Ревокс и да ја комбинирам со овие две од The Ordinary? Дали можеби сте имале позитивно искуство со нијацинамидот и хијалоронската од Ревокс, па да ги земам трите од таму?
Можеш. Јас ја терав оваа рутина кога стартував со серуми, и тогаш ја немаше салицилната на ТО па комбинирав со ревокс и бев презадоволна. Мене всушност овие серуми ми помогнаа за милиа.
Дали имате нарачувано од оргиналната страна на Mossa? Имаат до 40% попуст па сакав да нарачам но се двоумам и не знам колку би било сигурно и безбедно. Совет?