За Македонија да, пред 4-5 месеци мислам беше. Не беше со дхл, туку преку македонска пошта. Не платив ништо дополнително, 14 евра ми беше нарачката плус шипинг не знам точно 3 евра мислам беше. Сега отворив да видам на маил. Да преку Дхл било, сум заборавила, ама не платив ништо дополнително, можеби затоа што беше мала нарачка.
За нарачка над 35евра е бесплатно и плус добив крем за околу очи и 3 тестери и ми пишуваше колку што заприметив дека е ДХЛ 0.00. И плус од картичка само сумата на порачани производи ми беше одземена.
Го користел ли некој овој серум? Како сте задоволни? Јас сега за сега го користам на Моса против флеки и е одличен ама гледам сега овој е поефтин па дали да го земам И дали би се комбинирал со зелената крема за лице и зелената околу очи од др.конопка?
@Solen☀ и јас тој серум на Моса го котистам супер е пред некое време почнав да го користам и ретинолот на Еволве овој https://www.bellina.mk/p/1824/bio-r...za-litse-za-umorna-kozha-15-ml?categories=139 Не е лош, ама за мене многу е мрсен и не се впива во кожата. Две капки ставам и пак исто. Сега го земав на La roche posay, па по некое време ќе пишам каков е. Важно не е мрсен, веднаш се впива. Можеш да земеш ретинол за навечер, тѕка сме некаде со возраста и слобдно може да користиме
Почнав да користам ретинол вечер и витамин ц на утро и лицето многу ми се подобри, штета што не направив слики. Имав и херпес и мислам дека од Ц-витаминот побрзо ми заздрави.
Изгледа и слична кожа имаме и мојата не поднесува мрсни креми. Ретинол користев пред бременост, многу ми пријаше, те молам сподели резултати. Ти благодарам
Добро, ова ти е прв ретинол? Јас на 30 години почнав да користам ретинол и од тогаш до сега џам ми е лицето, идеална возраст според мене е 30 ама секој си знае за себе. Инаку, витамин Ц е за флеки и лузни од акни.
@buba4e89 со кој ретинол почна најпрво? И кој процент? И дали би можело порано од 30 да се почне на пример 27 со некој ретинол со многу мал процент, од ординери мислам имаше со мал процент 0,2.
Со тој од 0.2% на ординери во Сквалан, убав ми беше мрсен е, после накачив на 0,5% ама воопшто не ми одговараше. Сега го користам ретинолот на Nipfab и многу сум задоволна.
@buba4e89 те начекав активна па сакам да тњ прашам за совет, Мојата ситуација е следната-ја напуштив рутината кога дознав дека сум бремена не сакав да користам ништо освен базик поминаа 2год и веќе сфатив дека ми се запустува лицево флеките стојат, брчките поизразени, кожата подолабавена па затоа решив да се вратам на рутината. Што би ми предложила од серумите да внесам? На листата ми се ниацинамид, хијалурон и ретинол а излегоа толку многу брендови и комбинации во меѓувреме. Инаку имам нормална накај комбинирана кожа и 38год. .
Јас би одела со наједноставна рутина: Наутро: Гел за миење лице, нијацинамид + хујалуронска киселина, крема за лице + крема со спф. Еве ако немаш можност за Ординери порачка нека бидат на True Alchemy исто така добри серуми. Гелот нека е Proteins од True Alchemy исто. Кремата на Конопка зелената, и спф крема. Навечер би одела на пептиди, мислам дека се поидеални за брчки и помладување. Само не знам дали има на True Alchemy или Ревокс. Ретинол можеш ама во Сквалан, ако немаш до сега почнато со ретинол најмал процент е добар за старт. Рече базик си користела - тоа не ми е познато. Значи навечер: Гел, пептиди или ретинол и крема обична( можеш истата од дневната рутина). За флеките - витамин Ц чист серум да речеме. Многу го препорачувам тој на Novexpert иако е скап, можеш да го вметнеш во рутината така што ќе отстапиш ден-два од дневната рутина и ќе го нанесеш самостојно со крема и спф. За почеток вака, после кога ќе се привикне кожата и имаш некој ефект може да се додава друг серум или да се тера исто.
Вметнав серум витамин ц во рутината од вчера. Ме интересира колку често треба да се користи? Секој ден или неколку пати неделно? Како го нанесувате вие?