Пробај прво 3-4 пати неделно некое време. После можеш и секој ден. Јас така користев. Само обавезно спф после него.
Препорака за добар хијалурон серум кај нас? Еднаш го начекав тој на Q&A ама не носев доволно пари, удредента го немаше.
Се мислам дали да почнам со ретинол или пептиди. Пептиди видов на Q&A, а ретинол во сквален на Ревокс. Друга препорака, по можност без нарачување?
Сакаш крем со пептиди или серум? Има пептидни креми, во Белина се овие две Спојлер Спојлер И двете ги имам пробано, и двете се супер, ама таа на Натура Сиберика ми е омилена, и има многу поубав мирис. Во Ист Гејт може да ги земеш во нивната продавница ако ти е близу. Исто и Оливал имаат пептиден крем Спојлер Ама не сум го пробала за да споредам. Сум го видела во ДМ. За ретинол не би знаела да кажам, имам едни ампули од Белина, со природен ретинол, бакучиол, ама уште ги немам пробано, оти не сакам баш ретиноли и ретиноиди, особено откако прочитав кај @Biodevojka дека не се добри долгорочно за кожата.
Кремите со пептиди се за навечер? И дали се користат секој ден? Мене ми е апсолутно сеедно дали крем или серум, само да се добри.
Секој ден може, исто како обичен хидратантен крем. Може навечер или наутро, по желба, јас и така и така ги имам користено.