Дали може да го сликаш составот од хијалуронскиот серум на задниот дел од пакувањето? На нивната страна немаат објавено целосен состав.
Исто и јас немав очекувања, но штом пишувам милење значи вреди, користам у други серуми но додека не видам WOW резултат не пишувам овде. Мене за 1 недела користење ми се измазни лицето доста, сеа продолжувам секоја вечер го ставам, понекогаш и наутро пред спф крема.
Од кој витамин Ц серум сте најзадоволни? Го користам долго време на Dr. Viton, ок ми е, ама сакам да сменам
А дали салицилна киселина и хијалуронска може да се користат истовремено? Миење лице со пена, па тоник, па салицилна, па хијалуронска, па крема? Ова за на вечер? А наутро, миење, тоник, витамин ц и крема со фактор? Ок ли е вака?
@Yowannty Серум каков ти треба? Еден за наутро и навечер , или? Од таков тип серуми , јас бев мн задоволна од Mossa cocktail glow. Тој го користев наутро, навечер
Го имам хидра серумот на Катрис, го тестирам 2 месеца ама не гледам некоја разлика… нешто така барам. И исто на Катрис имам AHA treatment, glow overnight со глуколна што го користам 2-3 пати неделно навечер место хидратантниот. Овој на Мосса ќе оди со овој на Катрис? Сакам нешто многу хидратантно што ќе содржи хијалурон ама нема да е чисто хијалуронска киселина.
Тој на Моса не содржи хијалуронска. Јас овие можам да ти ги предложам со хијалуронска , зошто ги имам пробано Тој на Виши е само хијалуронска кис. На Ла рош е побогат со vit b5 и двата се супер, кожата ја прават по сјајна, хидрирана, обавезно кога нанесуваш ваков серум да биде кожата влажна. Јас сега тој на Ла рош го користам , многу ми се допаѓа.
Овој, дефинитивно. https://www.stylevana.com/en_EU/cosrx-advanced-snail-96-mucin-power-essence-100ml.html
Ме заинтересира. Како го користиш? Колку што приметив повеќе како гел е, ама леплив. Со што се комбинира?
Над тоник го ставам, после него може, ама и не мора некој серум. Ама обавезно после него крема. Гел е, леплив додека се нанесува, ама супер хидратација дава и воопшто не остава лепливо чувство отпосле.
Дали некој го има пробано EUCERIN Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите? Нормална до сува ми е кожата. Сакам да го земам затоа што имам отворени пори од црнки околу и на носот, а истовремено и за брчките околу очи. Би ми помогнал ли?
Пори од никој производ не може да се намалат туку најважно е да се чисти за останатото нека каже некој друг доколку го користел серумот