@koritsaki ау што збориш, во Сефора е попустот? Да го порачам по другарка што е на одмор моментално Инаку не го користев бремена зошто избегнував секакви хемикалии тој период, ја оставив кожата да дише и ја сведов негата на основниот минимум, само миење и крема, инаку не е дека не смее да се користи серумот. Сега си се вратив неколку месеци и пресреќна сум
Разбрав вака ќе ти ги кажам цените , 30мл е 67 евра со 20% попуст , а 50мл е 96 евра. Не знам колку е во Мк и дали ставаат попусти , ама овде за време на black friday или кога ќе започнат големите попусти (сега од 01.07 официјално ќе започнат) и до 40% попуст ставаат општо на брендот Есте Лаудер. Јас не можам да чекам и затоа сега ќе гледам да го земам , а и креми и се имам испотрошено и немам што да ставам на лице. Ако се погоди некој тој период од Мк да доаѓа наваму супер ќе е
Здраво Мило ми е да прочитам дека некој зборува од лично искуство, не само од рекламите како на повеќето форуми. Те молам пиши ми колку време ги користиш овие производи, за колку време се гледаат првите резултари, и доколу можеш прикачи слика за да ги видеиме резултатите. Дали има некоја летна/ зимска рутина? Благодарам
Здраво,ги користам околу 8 месеци,презадоволна сум од резултатите.Во хидратација се забележува резултат веднаш. Има и летна и зимска рутина,ја има опишано на многу блогови за корејската и јапонска козметика.
@Rebecca_R може нешто повеќе да пишеш за серумот на Dr.Hauschka , night serum , гледам дека си го користела како си задоволна ?
Јас го имам користено баш овој. Подобро нешто во лето за мене нема. Убав е многу, хидратантен, добро матира и не ми е агресивен во делот кај носот. За под пудра ми е супер, така го користам веќе второ лето.
@Mishela фала на инфо, баш ќе го испробам. Туку, што поточно спаѓа во cleanser? И во toner / hydration и essence? Може некој да ми ги објасни оние чекори за кои зборите во претходните 2 -3 страни. Како да искомбинирам производи кои не се толку скапи, како што се на balea, alverde и сите слични на нив. Гел? Пилинг? Тоник? Двофазно? Серум? Дневна/ноќна?
Го користам како замена за крема, немам потреба да нанесам ништо плус зашто многу ми се мрси т-зоната ако ставам крема.
Задоволна сум, не можам да кажам лош збор, ама за таа цена очекував повеќе. Серумот е пријатен на лице, по нанесување чувствуваш нежно затегнување на кожата, и иако го користев самостојно, имав чувство дека ми треба уште нешто за хидратација. Не ја масти кожата, потребна е ептен мала количина за цело лице, па едно пакување ке го користиш најмалку 3 месеци.
Cleanser funkcijata mu e da ja iscisti. Kako cudo vo Amerika e African Black Soap, no imas i razni drugi. Za mrsna koza preporacuvaat oil cleanser kaj sto stavas maslo na liceto i go mackas naokolu i brise. Jas imam najdeno deka i limon i med kako cleanser za mrsna e super ama nemam isprobano. Se preporacuva ako veke kupuvas za mrsna koza da se zemat od onie sto pravat pena, foaming cleansers, a kako krem za tie so suva koza. Imas sekakvi cleanseri, ti preporacuvam na Google da pobaras diy cleanser for (kakov tip koza imas) i ke ti dade kupista recepti. Na poveketo blogovi i objasnuvaat kako deluva taa i taa sostojka na tvoeto lice. Toner e kako voda skoro, tecno e i na pamukce stavas i posle cleanser pominuvas na liceto. Negovata funkcija e da ja sobere sekoja necistotija sto ostana i da normalozira ph vrednosta na liceto bidejki od samata voda so koja go mies liceto i sapunite i se go menuvaat prirodnata ph vrednost i moze da ja unisti. Za mrsna koza e preporaclivo so ocet od divo jabolko t.e. Apple Cider Vinegar no toa mora da se rastvori, najmnogu odnosot da bide pola pola. Dosta silen miris ima i znae na pogolemite akni da me zapece mene ama ja vrsi dosta dobro rabotata. Za cuvstvitelna koza cesto koristat rozina voda i e bas dobro, bidejki e anti inflamatory i ja smiruva kozata. Mene licno mi gi iscezna crnite dupki pod ocite i si se prskam na liceto niz denot za da me osvezi i hidratira. Spored mene dvete se super i si gi koristam. Ima tonici koi se so alkohol no tie ne se preporacuvaat bidejki mnogu go susat liceto i ostetuvaat. Pilingot ti gi vadi mrtvite kletki. Mozes kako piling maska ili kako eksfliator. Toa treba najmnogu 2 pati nedelno za da ne se iritira premnogu kozata. Sama da si napravis eksfoliator mozes ili so seker i bilo koe maslo ti odgovara na tvojata koza ili so oves. Nekoi se protiv so sekerot eksfoliatori bidejki tie navodno mozele da predizvikat mikro kinenje sto ponatamu rezultira porano da dobies brcki. Mozes i da si kupis ima dosta dobri. Na Clean&Clear blackhead scrub velat deka e dobar i Neutrogena imaat. Jas koristam eden piling od Bugarija od DM prodavnicite, od Nature Of Agavia e i e so ekstrakt od roza i e super nezen i sum prezadovolna, a ovde ja nemaat taa marka. Imam i od istata marka piling maska so aktiven jaglen i rozina voda, mirisot nekako udira no e dobar. Sega serumi jas ne kupuvam glavno bidejki mi se nekako mnogu pari i ne sum raspolozena da eksperimentiram, no na nekoj nacin si pravam serum samata. Uste ne sum bas "zgotvila" i da go stavam vo posebno sisence bidejki ne mozam da najdam no ova poveke pred legnuvanje go pravam. Stavam po dve-tri kapki jojoba maslo na celoto, pa na obrazite i potoa ili po 1-2 kapki etericno maslo od lavanda ili od portokal i gi mesam zaedno i potoa si go masiram liceto barem 10 minuti. Od sto imam citanl za sama da si napravis serum mozes ili prosto kako mene so carier oil (kako bademovo, jojoba, arganovo ili kokosovo i od grozje) i etericni masla sto se prikladni za tvoeto lice i gi stavas vo temno oboeno sisence so kapacunjata sto davaat kapka po kapka. Planiram da si naracam od ebay ili zad masazer za lice ili od zad guasha bidejki mnogu gi falat i taka podobro se vpivalo serumot i stimuliraat tekot na krvta na liceto i taka kozata se regenirirala i posilen bil efektot na serumot, no sega zasega so prsti se masiram. Tolku mi teknuva sega, se nadevam ti pomogna.
@angela.kostova Фала на објаснувањето, многу ми помогна. Прво, сега знам што точно да земам и да си започнам една рутина. Второ, цело лето користам пилинг за миење на лицето СЕКОЈ ден. Некако само тоа ме освежува на сета жештина и потење... Фала уште еднаш!
Ако пилингот е благ и не ти ја суши кожата, не си правела ништо страшно . @ванилала серумот се нанесува пред крема. Летно време можеш и само серум заради топлото време, ама зависи многу каква кожа имаш.
@Biodevojka, што мислиш за овој состав? Инаку, ова е мултиколаген серумот на биотен. Имам 28г. Aqua, Glycerin, Betaine, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Sorbitan Sesquioleate, Lysolecithin, Sclerotum Gum, PPG-26 BUTETH-26, Trehalose, Urea, Pullulan, Xantan Gum, peg-40 hydrogenated castor oil, diethylhexyl syringylidenemalonate, peg-8, solluble collagen, glyceryl laurate, disodium edta, tocopherol, serine, palmitoyl tripeptide-38, penylene glycol, glycogen, caprylic/capryc trigliceride, sodium hyaluronate, hydroxypropyl cyclodextrin, algin, glyceryl polyacrylate, caprylyl glycol, parfum, hydrolyzed elastin, ascorbyl palmitate, ascorbic acid, sodium succinate, disodium phosphate, potassium phosphate, citric acid, sodium hydroxide, phenoxyethanol, sorbic acid, farnesol, benzyl salicylate, linalool, citronellol, geraniol, Alpha-isomethyl ionone, hexyl Cinnamal.
Како се користи серумот? Какво дејство има? Читав наназад... дали мпжете да препорачате серум за лице со сува дехидратирана кожа за 24 г.
Драга серумов не е комплетнон природен има доста хемиски состојки, а и да беше комплетно природен не е за твоја возраст..сеуште си млада. Евентуално ако сакаш може некој едноставен серум со хијалуронска да земеш без многу други анти ејџ состојки. Поздрав.