И само тоа го прави буквално. Се што гледате е платена рекламација. Тоа дава само моментално сјај. Тоа е чист слуз од полжав и само таа му е состојката , не може дс помогне на проблематика ниту за против брчки. Не е серум туку е есенција голема е разликата. Есенција е третиот чекор после двојното чистење замена за тонер бидејќи се погусти и се повеќето зс хидратација.
Дечки, предлог совет за останати црвени дамки после акни? Бремена сум, лимитиран ми е изборот :/ Веќе користам Nacomi Vit C а навечер Ревкос Азелаична киселина,ама некако споро функционира
Чекај есенцијата се измива или не? Инаку, да тоа го знам ама воглавно општо слуз од полжав е само за хидратација.
Азелаичната киселина со години ја користам, а ова од накоми од крај на јануари некако многу споро се случува. дамките се досадни, би одела на ласер после породување најверојатно ама не можам без шминка да излезам и е доста непријатно
Ах толку долго ги користиш немам искуство да ти кажам со дамки од акни (во поголем случај се е маркетинг околу производиве) доколку можеш да одиш на ласер , така ти е најсигурно.
Чекај ти кога беше бремена немаше? Познаничка ми кажа на доктор и рекле од бременоста биле, демек се менува кожата бла бла. Да се мачка со крема. Е сега колку е вистина не знам. Читав и низ форумов дека други се жалат после породување имаат промени во лицето. Ќе ја тагнам и @Bella__ Инаку витамин Ц помага ама треба појак процент дозволив во бременост се разбира.
Мене ептен ми е погодена есенцијата. Хидрира прекрасно, го измазнува лицето и дава plump ефект на кожата. Одлична Не е замена за тонер. Прво се става тонер па есенција.
Особено за есенциите со Snail Mucin препорачливо е да се користи тонер и есенцијата да се нанесе на влажна кожа.
Кој ти е овој доктор?! Сепак пак може да се замени за тонер. Тоа што е препорачливо не значи дека е задолжително.
Нема потреба од ароганција. И ти си тука за да научиш нешто од форум и оваа тема веќе сме ја збореле. Ако не сакаш да размениш мислења не пишувај едноставно. Фала за информација
Искрено не знам зошто не цените и потценувате. Ама ок ваш проблем. Самиот одговор “ некој што не учел дерматологија на форум” ти е арогантен. Свесна си ти за тоа. Во иднина нема ни да ти реплицирам. Позз
јас дечки иам 28 години и цел живот имав БЕСПРЕКОРНО ЛИЦЕ. ниту црнки ниту ништо, ниту обрнував внимание посебно на чистње и серуми, буквално што се вика со средство за тепих да го миев пак беше топ. 2020 се случи, маски задолжителни,почнаа да ми се појавуваат акни, на своја рака изигравав паметна, се направив лом. еве дојде 2023 се иборив со огромни акни, затворени комедони, и што уште не. одам на редовни козметички третмани за чистење на лицето. веќе сум 6ти месец трудна, кожата ми е сега најдобра што ми била, со месеци не сум имала активна акна, арно ама тие PIH/PIE лузните си останаа. Кај трудници се јавува мелазма, што јас немам, туку само бидејки акните биле агресивни оставиле црвени/кафени дамки и капилариве НЕ СИ ОДАТ Витамин Ц знам дека е безбеден за трудници затоа и си го користам, немам уште многу така да иде период сега на нови серуми. Се мислам дали салицилна да земам или бакучиол(безбеден веге ретинол за трудни) арно ама не знам што да правам
А твоето прашање "Кој ти е овој доктор?" не е арогантно? Ти кажав, како што ме праша, на ист начин ти одговорив. Ти имаш проблем девојче, мислиш дека сè знаеш и дека си некој skincare гуру, а си далеку од тоа. Притоа, како и минатиот пат така и сега, не прифаќаш туѓи мислења под изговор дека не веруваш на дерматолози и дека на интернет сè пишува па не прифаќаш аргумент од интернет иако сега со скриншот сакаше да ми докажеш нешто, контрадикторно, нели? Слободно избегнувај ме во иднина За салицилната поделени се мислењата за безбедноста во бременост. Бакучиол пробај, само немој од Nacomi, никаква работа не врши.
A Iris имаш ли да препорачаш од некој друг бренд? Јас па од таму мислев да земам. За салицилна знам дека се поделени, од Белина се безбедни сите за трудници и доилки, а ако ме служи паметот читав до 2% е безбедна за бремени