1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серум за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Waka-waka, 14 септември 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Салицилната конкретно помага за посериозни акни твојот проблем е подлабок. Можеби ти недостасувал цинк не знам не сум стручна во оваа област.

    @Iris-1234 ти очигледно имаш проблем со тоа што имам познавање и со што членки се задоволни од моите препораки. Ниту сакам да се воздигнувам над некој, ниту пак се правам нешто што не сум. Би требало да поработиш на себе малку повеќе, дека некој кога ќе те праша убаво да не возвратиш со арогантен тон. Не гледам ароганција во обично нормално прашање.

    За случката од минатиот пат кажав дека не верувам во сѐ што се пишува на гугл и го ставам во ист ќош како ќе сме болни гугл не прави умрени. И не е изговор дека не верувам во дерматолози туку факти од членки.
    Немам проблем со прифаќање критики и не сум тука да се натпреварувам во skincare туку сум да помогнам и споделувам совети што всушност ми е пасија.
    Биди ми поздравена.
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Ана капиларите нема шанси апсолутно никакви да се исчистат со ниту со најмагичниот серум на светот. Тоа е испукан (оштетен) капилар, и се чисти со ласер. Негувај си го лицето како што ти одговара, и кога ќе ти кажат дека може да ги третираш капиларите со ласер, оди и исчисти ги. Ако не се многу не е страшно и е ефикасно. Јас сум чистеламали капиларчиња на нозе, не знам за лице да ти препорачам, ама најбезболно и ефикасно решение е ласер.
     
    На Bella__, koritsaki, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.103
    Допаѓања:
    104.234
    Пол:
    Женски

    Хмм, темни дамки од акни немам туку дупчиња над образите до окото , мислам и за тоа само ласер помага :) но дека не се приметуваат не се замарам :D
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    87

    ништо дечки тоа е тоа. во моментов за голема победа го сметам фактот дека е мазно лицето и со коректор/пудра апсолутно нема ниту една нерамнина, а пред само 6месеци бев полна со комедони и акни и буквално чоколадо со лешницци не ми беше рамно, сега е стабилна состојбата. исто нешто со цинк што е 5пари а ми смирува многу е на здраве кремчето со циков оксид, нанесено навечер во некој подебел слој како spot treatmant. така да, ќе тераме уште 3 месеци со детево и на крај на годинава нема да искочам од салони за да се среди.

    фала ви на сите
     
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    11.741
    Пол:
    Женски
    Девојче, дај реализирај се во животот и не лечи фрустрации на форумов па да се расправаш со сите.
    Ако не знаеш да ги сортираш информациите и изворите од кои влечеш информации на Гугл богами голем проблем е.

    Пробај го Бакучиолот на Purito. Можеш прво да побараш тестер во Coslovemetics за да не го купуваш во случај да не ти одговара.

    За салицилната и јас сум слушала дека до 2% е безбедна ама јас во секој случај одлучив да не ја употребувам за време на бременоста. Во тој период рутината ја сведив на минимум.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    Јас имав испукан капилар под окото (мал), нешто како на сликата, и се повлече по долго време. 258627-dab97cc4d19b921e5841ad9d997b252d.jpg
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Како што кажав едина која се нема реализирано во животот си ти и тераш на кавга. Да се имаше реализирано ќе знаеше да размениш мислења без да го потценуваш другиот. Инаку, од авион се гледа дека сакаш да се натпреваруваш. Широко ти поле, драга.

    Членката има испукани капилари на лице, а ти и викаш салицилна да земе. :lol::rofl:
    Ептен стручна ти.
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.703
    Допаѓања:
    80.851
    Пол:
    Женски
    Мислам дека доволно беше со препукување по темава, @buba4e89 и @Iris-1234.
    Ќе ве бришам понатака зашто нема смисла членкиве да читаат расправија за глупости две страници веќе. Разрешете си ги недоразбирањата преку лична порака или едноставно не влегувајте во дијалог. Не е фер темава да зазема ваков правец, навистина нема потреба од тоа.
     
    На doubleinfinity и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Зависи од кожата многу. Ако си бела, лесно гориш и не потемнуваш никогаш, тогаш шансите да се повлече капиларот е мала, светлите луѓе се генетски склони кон купероза (пукање на капиларите). Инаку ако не се повлекло ова, верувам дека со неколку "пукања" ласерот би го собрал хемоглобинот и не би било проблем воопшто. Ако е кожа склона кон купероза, не е паметно да се чека, пошто капиларите само ќе пукаат, сѐ повеќе и повеќе, особено на лице кое е најизложено на сонце, извори на топлина, нагли промени на топлина, све тоа придонесува да се отшетат капиларите.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    Бела сум многу.
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Затоа велам, зависи од повеќе работи.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Со што би можеле да се заштитат капиларите на лицето?
     
  13. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    87
    изгледа јас грешно се изразив со капиларите. немам како на сликата погоре како кај cooll, туку моите изгледат баш вака. да напоменма, немам нерамнини, само друга боја потемна стои. и немам активни акни

    upload_2023-5-18_14-34-54.png
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Зависи дали си склона кон купероза. Главно некои предфактори, да си многу бела, секогаш гориш на сонце, никогаш не потемнуваш, се зацрвенуваш, ти пречат големи температурни разлики (од топло на ладно и обратно се зацрвенуваш, имаш жарење), ти сметаат извори на топлина (блиску до клима, парно, шпорет), при вежбање поинтензивно се зацрвенуваш, подолго време ѝ треба на кожата да си дојде на себе, или кога се тушираш со потопла вода исто ти смета.. Сѐ се тоа знаци (лаички и искуствено, не мора да значи дека е апсолутно точно). На сонце обавезно обавезно фактор скоро цела година и по можност кога си на жешко или директно на сонце заштита плус (шешир, чадор со УВ) и никогаш со голо лице, некаква заштитна крема. Постојат и генетски и внатрешни фактори. Јас немам проблем со лице, туку со нозе, нследно, ете ласер засега ми завршил работа. За лице може да е некој наследен проблем кардиоваскуларен, може од алкохол (обично алкохоличарите имаат црвени носеви), од лута или ептен зачинета храна. Тоа све ако сведеш на минимум плус крема би требало да си океј, тоа е превентива, ама за жал не гаранција. Е ако е наследно, колку и да пазиш, розацеа/купероза кога тогаш ќе се деси.

    Да, немаш капилари, црвенилата ти се од акни? Ама под нив кожата е бела, немаш онака мрежи испукани. Рече азелаична не ти помага? Јас користам на Коз де Баха 10% и на Луменис мислам, од Олпео 15% и не е лошо. Јас мислам да не се потресуваш, да пазиш на некои алергени, млеко или некоја храна што може да влијае лошо на кожата па кога ќе се вратиш во нормала здравје, ласери користат и за resurfacing и за акни, решение сигурно има.
     
    Последна измена од модератор: 18 мај 2023
    На Bella__ и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, мислев дека постои нешто друго освен спф заштита.
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Единствено има една blue light крема на Гуам, за заштита од секакво зрачење и надоврешни фактори, ама не сум ја пробала јас ич, другарка ми што има ваков проблем (па од неа знам), мислам дека не ја користи, не знам дали би можела како производ да помогне.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    87

    не, немам испукани мрежички, така да извинете, грешна терминологија. азелаичната од ревокс еве второ пакување користам, 3пати неделно навечер, исто така две пакувања потрошив од true alchemy suspension ама и тоа ништо не ми помогна. од јануари користам витамин ц на накоми, ми се допаѓа како ми ја прави кожата. на дел имам подобрување на дел не. cos de baha од каде можам да земам? млеко и млечни производи ми се слабост да, но секогаш сум ултра подуена после јадење/пиење. следна недела имам третман на микродермоабразија. лани пред свадба правев и беше топ, ми се смири лицето после третманиве, правев и со овошни киселни, сега секако ништо не смеам од тие, ама ако активно мислам се потрудам дека за некои 6-7 месеци би се стабилизирално. би сакала навистина да искочам од дома и да не ја префрлам косата врз образи или да морам да ставам шминка за до тинекс ебате да отидам :(
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Коз Де Баха јас го земав од Странција, тука го видов на Урма, и кога сакав да земам немаше! Имаат многу проблем со залихите, општо. Другиот е малце појак Луменис, тој е 15% од Олпео, серум е. Состојките им се доста чисти и мене ептен ми пријаат, иако сум немала црвенило како тебе. Не се оптеретувај, супер ти е лицето, штом кожата е здрава или заздравува, ова од хормони од сваштоа може да биде, за дермоабразија не знам ама после такви поагресивни третмани, ќе треба малце повеќе време да се видат резултати, стрплива биди и глеј да не имаш некоја алергија, интолеранција на храна, мене млеко на лице не ми прави проблем, ама гасови, грчеви, дигестивни проблеми и го избегавам, бар за млеко има замена, растителни, или оние без лактоза.
     
  19. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Никој нема да прави рутина од 10 чекори. Така да луѓе кога си составуваат одбираат или тонер или есенција нема потребс од двете..
    Да ако користиш јак ретинол или витсмин ц би рекла може ама тоа ретко кај нас кој го прави.

    100% се согласувам со се што си кажа. Тоа е тоа .

    Да и јас го слушам истото .
    Сепак нека се причека да помине бременоста па нека се иде со јск процент :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Испадна дека членката има црвенило и нерамномерности (дамки) кои и се поради бременоста. Тие ќе исчезнат со тек на време само подолг е процесот. За сега би рекла да си одржува лицето, без азелаична некој тонер. Што мислиш ти?

    Не би и рекла салицилна нема акни, можеби некоја друга киселина и витамин Ц ама рече дека го користи и нема нешто ефект.

    Треба и да се внимава… не знам проблем е. И Abel убаво објасни за капиларите.
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.