Го купив серумот Drops of Youth од The Body Shop за комбинирана кожа рано е уште не гледам некој ефект, важно не ми го прави мрсно лицето, впива и затегнува Ќе може некој да ги погледне состојките и да даде мислење? @Biodevojka
јас почнав да го користам на есте и сум презадоволна. користев и пред тоа серуми ама беа како на по природна база од органски линии и така натаму. од тие не приметив никаква разлика на кожата а од овој ОГРОМНА и тоа само за еден месец. Кожата ми е чиста немам акни, и немам мн видливи брчки, млада сум уште ама ми помогна за други работи. Како прво мн сум бела, и од што сум се стисткала некогаш, по некоја црнка на брада, јас имав како лузни од тоа. црвени флеки под кожата. тие ми исчезнаа за прв пат во животот. друго, имав на образот како лишајче мало со сува кожа, ама од ништо не ми исчезна,колку и да ја хидрирав кожата. од серумот ми помина. и трето околу носот сум вечито црвена, и тоа ми помина, црвенилото 80% ми е исчезнато. нема шанси да го сменам серумов, зошто само од овој до сега имам видливи промени, дури и маж ми ми рече што си волку убава хаха викам нели гледаш црвенилата ми ги нема на лице веќе , ми вика еј стварно. да не зборам колку ми е супер хидрирана кожата. го земав и дневниот крем на есте ,со спф 15, од тој ставам наутро и тој е чудо.
исто искуство имам и јас со серумов, го користам месец дена и кожата никогаш не ми изгледала подобро. не ми е сува , црвенилата ми ги гнема и лузните од акни што сум се стискала ми исчезнаа. ако имаш сува кожа и дневниот крем на есте day wear spf 15 е врв, хидратација цел ден, сабајле го ставам и после саати ,како да сум го ставила пред 5 мин.
Земав некни на Алверде серум за лице, за проба да не сум покусо и е во мало шишенце ама течноста е како крема, не како овие погоре што ги гледам во вид на капки. Дали може да се нанесува пред да ставам хидратантна крема, на пример ставам серум па после кога упие да ставам хидратантна крема? Пробав неколку дена и лицето ми го прави ептен убаво, нежно, јас немам проблематична кожа ама па немој некој несакан ефект да си направам. Колку чини серумот ?
Јас го користев минатаат година редовно повеќе од 3 месеци, се држев до упатствата , и невидов никаков ефект. На интернет претходно читав колку е добар и дека за кратко време има чудесни ефекти, ама јас немам позитивно искуство, сепак немав ни негативно , бидејќи немаше никаков ефект, исто како да се мачкаш со масло за јадење.
Ги видов во каталогот за месец Мај во dm, 245 денари се во каталогот, 305 денари редовна цена. Интересно изгледаат и цената е солидна, па реков да прашам за мислење
Има ли некој искуство со овој серум ? За лице и за пиење може, ја никогаш не би го пиела, ме интересира за лице како делува .