Многу добар за се искрено мене за осветлување ми помогна малце и за акни. Јас тоа со лосионот од таа линија уште го имам од зимоска го дотрошувам топ се Серум со која состојка внатре? Ретинол бидејќи не можам да најдсм за која состојка се збори.
Ако сакаш добар витамин ц имаш на косарекс е многу добар овој но со поголем процент е 23%. Или ако сакаш со помал 5% на клерс мене ми одговараше . * Само корејски витамин ц засега имам пробано. https://olpeo.mk/product/klairs-freshly-juiced-vitamin-drop/ https://olpeo.mk/product/cosrx-the-vitamin-c-23-serum-20ml/
7 дена подоцна, уште го нема - нарачан од Белина сајтот. Има ли некој искуство со нарачки од кај нив? Им пишува 1-2 работни дена. Редовно имам вакви дешавки со онлајн шопинг, или доцни или стига погрешно нешто и пак не се откажувам.
Немам искуство со онлајн нарачки преку нивниот сајт, но и во темата за Белина како да се спомнуваше истиов проблем со долго чекање.
Би сакала да споделам... морам да користам витамин Ц серум, единствен спас ми е, инаку цело лице ми пламнува, ми се прави со рани кои чешаат и болат. Имам некоја врста на дерматитис, и до сега сум видела дека со витамин ц серум ми се залекуваат раните и не се прават нови. Од 2-3 апликации ми се чисти лицето како да не биле. Во текот на годините пробав доста, Оливал,др Витон, Авон итн итн. Сите беа ок, поефтини и поскапи, без оглед, си ја бркаа работата феноменално. Последно купив од Jamieson. Дадов преку 1200 денари за серумов, па и дека видов дека има алое плус во него, реков СУПЕР......... не е супер, ужас е... лицето ми го суши страшно, раните почнаа да си излегуваат, не ми ги лечи, образите кога ќе ги фатам ми се суви, што дури и мајка ми кога ме допре ме праша зошто ми е толку грубо и суво лицето. Ќерка ми исто, а е малецка, не дека разбира. Очегледни негативни реакцијии и сум разочарана за парите што ги фрлив, а кожата ќе морам да ја оправам долго време. А сакав да му дадам шанса, го платив скапо, и на толку различни купени до сега не очекував дека овој ќе ме заебе.
Верувам дека е добар... јас многу имам пробано... сите ми беа добри, освен овај. Па ете да споделам да си знаат да не се заебе некој ко мене.
Женски подолго време ги користам витамин Ц 25% серумот на Novexpert. Дали сте задоволни од некој друг серум со повисока концентрација на витамин Ц а да не е прескап ?
Дали има некоја користено од серумите на Афродита, од професионалната линија? Имам можност да купам преку козметички салон, само ме интересираат искуства.
Немаш потреба од поголем процент не е секогаш во тоа. Може да идеш на косарекс 23% витамин ц но зависност каков тип н кожа имаш бидејки е за нормалнс до сува кожа.Сепак е чист но квалитетен и е многу добар покажан и кај нас https://olpeo.mk/product/cosrx-the-vitamin-c-23-serum-20ml/
Хијалуронска киселина користите преку лето ?? Јас сакав да почнам но да ја оставам за септември или нема врска ?