Од дм овој имам слушнато дека е добар на q+a е сега за цена не би требало да е скапо а сепак збориме за стабилен витамин ц. https://www.qandaskin.com/products/vitamin-c-brightening-serum Исто така некој го фалат на гарниер некој не, другарка го проба ич не и се допадна ама ете има некој го фалат. Исто такс и ревокс нема ни мал процент витамин ц во него затоа овие не би ги препорачала и причини зашто.
На гарниер го користев,потрошив едно шише ми се допадна мене ми беше добар ама сакав да пробам некој подобар со поголем процент на вит ц
Јас од сииите вит Ц серуми што сум ги пробала до сега најзадоволна сум била од Vichy витамин Ц серумот, не оксидираше и баш она до крај го потрошив, и во врска со тенот баш бев задоволна, ми ја имаше осветлено кожата супер. Не е дрогерски, го има во аптека
На косарекс беше добар искрено зимоска го користев дека е 23% со витамин е немаше некоја лоша реакција ( имам мн сензитивна кожа ). Сега го тестирам овој нема јак процент ама затоа има бакучиол внатре малце појаки состојки внатре па ќе споделам искуство . сепак мене ми е да осветли мојте флеки останати од акни, да не ме иритира и исто така да не оксидира брзо ( да е стабилен внатре витамин ц )
Овој од cosrx може да го пробам, фала ти. Ми се свиѓа брендов, па се надевам и серумов ќе ми се погоди. Ќе пишам баш.
Само мало предупредување висок процент е на витамин ц прво тестирај на врат првиот ден после тоа на лице и ставај само навечер и некој се жалат на мирис после некое време јас немав бидејќи во фрижидер го користев тоа ми помогна
Дури сега се решив да го почнам серумот ,на него пишува дека може да се користи или навечер или наутро...кога го нанесуваше ти? Ок ли е да се нанесува навечер некако така ми е најдобро? Или има врска кога да се користи....
Навечер го ставав јас, бидејќи не е чист витамин Ц. Супер ти е планот, слободно терај си така. Мене ми се потроши и сакав да си го купам овој на cosrx, ама не беше достапен ни во дуќаните, никаде. Штета, ќе остане за некој друг пат. Го купив оној на Nacomi, па ќе видам како ќе се покаже. Буквално на тепка го зедов, се надевам дека ќе ми одговара и дека нема да е екстремно лош.
Јас во моментов користам витамин Ц серум од Olival. Не е само витамин Ц во составот има и други состојки. Го ставам наутро. Навечер ставам Пептиден серум на Nacomi. Откако ја почнав таа комбинација добивам комплименти дека ми сјаје кожата. Сега по неколку месеци и јас си приметувам позитивна разлика на кожата.
Дома ги имам и ги ротирам секојдневно овие серуми: Дали има смисла еден врз друг да се ставаат, или само еден и крем?
Можеш да ставаш од Лореал серумот па од Ланком на пр. Или Лореал сабајле, Есте навечер. Не мора Ланком и Есте еден врз друг да ги ставаш
Имам чисто лице, но имам неколку мали флеки од хормонски акни што веројатно само јас ги приметувам. Препорачајте ми серум за да се намалат.
Сигурно имаш 0 искуство со вит ц штом овој го промовираш Не препорачувајте барем без некон опис што се сте пробале и зашто сте задоволни од тоа што препорачувате
Јас сум задоволна од серумот, а и се зависи од кожата. Членката праша од кој сме задоволни, ти ако не си, не значи дека и другите не се, а за искуство не сум стручна, нека си праша дерматолог. И не го промовирам, го користам.