Еве на нет штп најдов. Серумот е добар за употреба ама не за долго. Што не е фер за нов купен производ. Освен ако е купен на попуст од причина што рокот е при крај
Дали во рецептот мозе да се користат витамин ц таблетки столчени,имам од синерџи едни од 1000,ме боли желудник од нив не ги пијам па дали можам да ги искористам во овој рецепт?
Го користев овој серум. Задоволна сум. Убаво ми делуваше на лицето. Сега го користам овој серум. Не е нешто нај-нај.
Јас ја користев кремата и воопшто не сум заодоволна хидратантна е ок,ама врска нема тоа дека ги избледува флеките и не може да се спореди со користење на серум....
Подобро земи си серум со витамин ц. Барем да си видиш резултати бидејќи треба повеќе време за вакви состојки. До сега нема баш некоја успешност на витамин ц во овие како капсули, можеби ако се во голем процент или покоцентрирани па дс вредат ама овие не верувам дека се .
Дечки, има ли замена за црвениот серум на The Ordinary? Не ми се прави нарачка само за него, а ми треба ново шишенце. Се мислам што серум да земам за хемиски пилинг и се плашам дека што и да купам нема да биде толку добро како серумов. Дајте некои предлози.
Знам дека не е скроз ист, во црвениот на The Ordinary мислам дека има и BHA киселини, ама овој од Revox мене супер ми се покажа, ми го подобри тенот, изгледав ептен освежено и будно и ми помогна за ситните бубулички на брада: Инаку, јас сакав да прашам дали некој го има користено серумов и дали е добар?
@blueeparadise фала ти. Ми текна на овој и мене отпосле, ама сè некако се двоумам. Серумот со пептиди им го немам пробано досега, јас си го купив тој на Nacomi. Ќе пишам баш како ќе ми се допадне, многу кратко го користам, нема ни две недели.
Убав е стварно, мислам дека нема да згрешиш. Мене ништо не ми помага за тие ситните бубулички ли се, што ли се, ко нерамнини на брадата, го користам на Натура Сиберика зелениот хемиски пилинг и вака супер е, ама не ми ги трга во целост тие како овој на Ревокс. Иначе, исто ми се има погодено Blue Matcha серум (blue correcting drops) од Стокомак, за ич пари, има ниацинамид во составот, бетаин салицилат, манделична киселина и многу екстракти, масла и други чуда, многу нежно го ексфолира лицето, го омекнува и освежува.
Не знам за на ревокс серумот со пептиди ама знам дека имам еднаш истестирано серум со пептиди од другарка и дека е феномен како состојка. Искрено според состојкиве има одлични од нив два добри пептида и што се така побарани повеќе и ја прават поголемата работа како што е потполнување на брчки линии и хидратација. Не е скап реално за парите , додека сепак вреди да се проба. Можеби нема да имаш некој огромен ефект бидејќи се само два пептида но зависи и до кожата многу .
Не ви го суши лицето тој ниацинамидот? Јас го користев и прекинав, вчера пак ставив, врз него и крема ама ми го пресуши.
Го користам и јас веќе месец ипол онака преку ден два, понекогаш и секој ден. Дава свежина на лицето и го омекнува, ама не е нешто WOW. За мене најдобар серум од којшто имав реални резултати е оној на Elixy со хијалуронска киселина и алое вера. https://naturatherapy.mk/elixy-hyaluronic-acidaloe-vera-face-serum-serum-za-nega-na-kozha
Ај некоја нека ми одговори. Порано кога ставав ниацинамид ми беше ок, а сега кога го ставам и врз него крем, додека го масирам кремот ми се прават како лушпи на лицето (не ми се лупи кожата), дали тоа е од чистење на горниот дел на кожата или не ми одговара повеќе? Иначе не ми предизвикува никакви иритации. @koritsaki да те означам тебе, ваљда ќе знаеш да ми кажеш, ако не, да означиш некоја друга девојка шо повеќе имала искуство со ниацинамидот.
Јас го користев тој од coslovemetics TIAM Pore Minimizing 21 Serum, прво ми го мрсеше лицето многу, потоа ме печеше и на крај ми се создадоа како ситни лушпи. Тоа не треба да се случи, иритација и пресушување. Пробав и со друг серум со нијацинамид, исто и од него ме печеше лицето. Едноставно мислам дека не одговара на сите оваа состојка. Или треба да пробаш со некој многу поквалитетен серум. Каков користиш ти?
Мојот е на Daytox, али до сега не ми се случило ова. Овие последните два пати кога ставам, значи кога го масирам излегуваат како лушпи од кремот, не од моето лице, незнам како да ти објаснам, а печење и црвенила неам. До кремот не е, пошо пробав со различни креми и пак истото го прави.