Истово и мене ми се случува особено кога нанесувам повеќе работи под крема (дали киселина или серум, моментално ставам серум со ниацинамид, mandelic acid, betaine salicylate и друго). Пример кога ставам само крема не ми се прават лушпи од кремата, или поретко. Мада си има некои креми што самите прават лушпи, на пример од Алверде една со хијалуронска киселина, партали ми се правеа. Едино да пробаш да го навлажниш лицето прво, па да ставиш ниацинамид, да оставиш комплетно да се исуши и после да ставиш крема во мала количина, зошто се случува и ако ставаш многу да ти се ствараат лушпи од вишок продукт + тој одоздола што го имаш.
Мене вакви ми се прават обично од крема со СПФ. Да не си го претерала серумот? Напрај малку пауза, ставај хијалуронска киселина серум и по хидратантен крем. И тапкај го кремот не го размачкувај. Презаситеност можда е на самото лице. Постојат мн причини.
@Adidas888 види некое време не го користи, обично од некои спф креми така се прават лушпи... Јас немам искуство со ниацинамид, порано почнав да користам на Ординери ама ми правеше акни и го баталив
Не верувам да е до тоа, оти 1 месец го неам користено ниацинамидот, сега пред два дена ставив од него и така ми се направи лицето. А пред ова, не ми се правеше така, си беше ок.
Проблемот е што го немаш користено 1 месец и кожата ти се навикнала без него . Мене така ми се случи со азелаичната ама сменив кремс ја ставав ссмо навечер и се промени се . Сепак серум кога ќе го отвориш и користиш некој период па после тоа ќе го баталиш некој период ете ко месец дена кожата си се навикнува без него. Може да е до тоа или ако имаш некоја промена во кожата од времево например посува да ти е кожата или нешто. Може да е многу рсботи искрено ова е само мое искуство и мислење
Незнам до шо може да е, пред 2 недели почнав да користам сацилинска ( незнам дали така се пише) киселина навечер, а овој ниацинамидот насабјле го ставив. Може од тоа да е, којзнае. Али тоа е тоа, ќе престанам да го користам, ќе си воведам само хијалуронска насабајле пред кремот, мислам дека доста е.
Ете го проблемот сама си го реши. Салицилната навечер ти прави екфсолиација цела вечер и сега ти кога стануваш ти треба убава хидратација добра додека ти му ставаш ниацинамид и затоа такс се праи таа текстура уствари како љупење и се тоа. Имаш решение да го ставаш посебен ден ниацинамидот или да го прекинеш и да си идеш само на хидратсција
А уствари за што е ниацинамид? Јас наутро го ставам, само тоа, ништо друго. За летово таман ми беше, да залади ќе почнам и крема.
Здраво драга не знам кој т е буџетот ама најдобар до сега се покажал овој Го има и во помала варијанта за 1230 мкд Доколку сакаш одлична хидратацја според мене најдобар е овој, кој е прогласен за еден од најхидратантните според германскиот ОКО тест. Според декларацијата дава комплетна хидратацја на кожата и помага во задржување на правилната хидратација. Цената е окол 1085 мкд.
Дали истото важи и за кремите од Лавера, предлог добра хидратантна крема со церамири, хијалуронска киселина и слично?
Здраво од кремите на Лавера ги имам пробано овие две за кои тврдам дека се предобри. Чим бараш креми со тие состојки претпоставувам имаш повозрасна кожа. Ти оставам и комплетна статија за составот и ефектот врз кожата. http://biodevojka.blogspot.com/2020/11/40.html
Подобро не... За сите оние кои сакаат убав хидратантен серум ви го препорачувам овој кој е многу евтин кошта околу 330 мкд., меѓутоа е прекрасен за кожата. Еден од најдобрите кои ги имам пробано.
Подобар е на ординари од причина што има неколку вида на пептиди и многу јаки состојки и затоа е пофален и сите гледаат резултати со него и многу се постигнува. Нема ниедна лоша состојка ниту што би ти пречело. Овој на мери не го знам искрено има исто добри состојки помалце ама добар е,не знам за него искуства немам баш слушнато искрено па за тој ако може некој дс ти сподели би било добро бидејќи како што гледам за него се 50% дека е добро и другите 50% дека не е баш најдобар. По правило состојкатс пептиди и сите видови нејзини се дозволени за доење и за бремени жени но секогаш треба да се консултира или да се почека тој процес да се заврши па почни си без грижи ,како си сакаш Најдобро е за двата да си прашаш за сигурно и со дерматолог бидејќи ниеден од нив нема состојка што би ти сметало но секогаш е добро да се праша професионално лице и да се потврди со нив. Ама подобар е на ординери ради состојките