Мислам дека режисерот оставил простор за евентуално да може да се снима втора сезона. Затоа заврши така,со многу недоречености, ништо конкретно и јасно.
Мене Умран многу ми е иритантна со тоа глумењето светица. Во една епизода дадоа дека Умај и нудела пари, за да го остаи Џемал (маж и) и да си заминат со Хајат ама она пуста гордост не твои пари не зимам... и шо испадна на крај, девојчево година дена у подрум заклучена истрауматизирана а башка шо претходно додатно секојдневно имаше трауми од лудакот
Нели?! Ако не друго можела без помош на сестра си да си тргне пари на страна и да се спаси, ако не за неа барем за ќерка си. Нема логика да трпи насилство, а посебно не девојчето, поради тајна која сигурно помалку ќе боли отколку се што претрпеле со Хајат. Глупа беше...