1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сестри (Sisterhood) [2021]

Дискусија во 'Филмови' започната од Glowy, 18 јануари 2022.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.785
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сестри е првиот македонски филм емитуван на Нетфликс од режисерката Дина Дума.

    Станува збор за приказна во која се става на тест пријателството и совеста на две тинејџерки Јана и Маја кога ќе се соочат со последиците од нивните постапки. Како и за тоа колку една обична забава и невнимание може да отиде предалеку и да стане причина за сајбербулинг и родово етикетирање, закоравено во нашето општество и менталитет.

    Според мене филмот разработува убава тема, што е присутна во секојдневието на тинејџерите. Најголема замерка во филмот ми е што нема многу дијалог и тој што го има е мумлање, па тешко се разбира или е некој површински разговор што не соодветствува на ваков филм. Очекував и подобар крај, лично ми изгледа како недовршен. Има и многу контрадикции во филмот кои мислам се намерно поставени како слика на македонското општество, пример живеењето во прилично лоши услови, а сепак се поседува скап телефон. Исто така и тинејџерскиот живот е многу прикажан во амерички стил, што се сомневам дека во реалност е ептен така, бидејќи мојот впечаток е многу поинаков.

    Дали сте го гледале филмот и какво е вашето мислење?
     
  2. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Искрено кога отворив нетфликс реков ај ќе го пуштам можда е филмот добар. Ама испадна стварно катастрофа. Прво, пола филм не се слуша што зборуваат девојчињава, второ цел филм е со пцуење и крајот исто така глупав.А на прв поглед ми остави впечаток реков ќе му дадам шанса можда е ок. Се труделе да направат нешто како американските тинејџерски филмови ама не си го трошете времето на филмов. Од мене 0.
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    9.561
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше интересен, но крајот разводни се. Режисерката немала идеја како да го заврши филмот. Премногу очигледна разврската околу Елена, па се обидоа преку финалната сцена со давењето да се извадат. А имаше некои добри поенти, само што останаа на пола пат.
     
    На Glowy и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.410
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше крајот незадоволителен. Се согласувам, имаше добри моменти но крајот не ми се допадна. Глумата беше ок. Генерално не е лош филм но би можел да биде доста подобар. Барем не е тематиката турско ропство. И хајлајт е дека до Нетфликс стасавме :D
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.717
    Допаѓања:
    13.469
    Пол:
    Женски
    Супер филмче, истово и се деси на една девојка додека бевме во средно, праќала интимни слики од неа на дечко и, па од кога раскинаа он ги пратил на некој друг, за кратко време цело школо ги имаше сликите и видеата, после тоа никој не сакаше да ја дружи, такво омаловажување нема ни во филмов.. А оној момент, дека во самиот филм има вметнато во делови музика од Два бона и Слаткар, добро им текнало, таа музика е музика која што ја слушаат поголем дел од младите во Македонија и одлично се вклопува во концептот на филмот.. Се на се, моја оценка за филмот, 6/10.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.