Сети се, да ме заборавиш (Мариа Јова)

Дискусија во 'Книги' започната од jelena.rozga, 6 април 2016.

  1. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    [​IMG] ,,Сети се да ме заборавиш" од Мариа Јова e роман добитник на наградата ,,Романијада". Објавен е од издавачката куќа ,,Култура".

    Кратка содржина:
    Линда е вљубена до болка во својот партнер, ужива во благодетите на животот и богато се храни со слатките плодови на љубовта.
    Го сака својот партнер, нѐ повеќе отколку што тој ја сака нејзе. Затоа што тие се создадени еден за друг. Тој е прекрасен, шармантен, романтичен, маж во вистинска смисла на зборот. Маж кој знае да љуби и освојува.
    Кевин.
    Нејзиниот Кевин.
    Нејзината сродна душа. Половинката од нејзиното срце која ја пронајде на дното од океанот.
    Трилер кој се чита во еден здив, ромаса која ќе ве маѓепса, разочара и воодушеви во исто време, драма која ќе ве остави без зборови, крај кој ќе ве замисли.
    Љубовна приказна која никогаш нема да ја зборавите.
    Затоа што таа е поразлична.
    Поразлична од сè што имате прочитано до сега, а толку слична со она што го имате доживеано. Со она што ве заболело таму, под коските, во срцето.
    Најболните нешта се чини, секогаш се премолчуваат.
    И некои луѓе – никогаш не се забораваат!

    Иако искрено повеќе ги преферирам странските писатели на љубовни романи овој е исто толку добар. Писателката Марија Јовевска која пишува под псевдонимот Мариа Јова. Одличен роман, љубовен и трилер.

    Сте го читале ли, како ви се допаѓа?
    [​IMG]
     
    На NATASA POPOVSKA му/ѝ се допаѓа ова.