Се гордеам со мајка ми. И покрај сите тешкотии во минатото, таа успеала да се задржи гордо на нозе и да исчува 2 деца, без ништо да им фали. Се до сега правела сама. Успеала сама да излезе од калта, во која други ја турнале. Па така и сега, таа сама успеа да обезбеди мирен и спокоен живот за нејзиното семејство. Нема желба која таа не ни ја остварила, или бар се потрудила да го стори тоа. Таа пробува и успеава да не направи среќни, без ништо да ни фали. Ни пружа љубов како татко и мајка. Сите домашни работи таа ги извршува сама! И за крај само ќе кажам, благодарна сум му на Господ што имам ваква мајка. Ќе ја сакам и ќе се гордеам со неа до крајот на животот.
Со сестричето мое одговорно! По цел ден ќе пишува и ќе буба со зацрвенети обравчиња (како е можно секогаш да и е топло, мистерија!). Ништо не остава за утре па макар и еден час од сонот ќе си одземе. Блачко, спиење и телевизија во животот, за мирноќа и убавина. А шо има една мила ѕвезда, цело време те тера да ја штипкаш и гушкаш. Балерината моја во пензија така си вика за себе. Ја лигавам како мало дете а таа уште малку ќе ме надрасне, ќе почне да излегува и собирање ситни пари за чоколадо нема да и биде единствената преокупација. Мила моја, боже ти во пубертет, а сите ние други попубертетлии од тебе
Се гордеам со моите родиители и брат ми, најмногуу, бидејќи направиле се најдобро за мене.. А НАЈмногу се гордеам со самата себе, за тоа каква личност сум, со тоа што сум секогаш расположена, што сум гооооооолем, може и најголем оптимист.. се гордеам на моите ставови и мислења... и мн други сл работи
Најпрво со моите родители!Секоја чест! А се гордеам и на мене бидејќи не ми беше баш лесно, можев да направам лошо т.е. да се откажам од она што го сакам.Меѓутоа имав сила и цел и продолжив понатаму Сега сум мноогу успешна и за сето тоа ме држи мојот сон
Најпрвин се гордеам со татко ми, ради татко ми сум, станав она шо сум денес... и на крај се гордеам со самата себеси
Се гордеам со себе.....родив,одгледав и воспитав два прекрасни деца....син и керка......и што е најважно ги усмерив по прав пат.... браво за мајка
Моите родители, брат ми и со самата себеси како ги издржувам падовите во животот! А, тој, тој не е дотолку за да се гордеам до толку, ама ќе направам (или не) човек од него (прашање е сега?!)
Се гордеам со моите родители,прават се за нас (за мене и сестра ми) и не се старомодни родители,се гордеам со мојата сестра (си ја сакам најј), и се гордам за некој мои постапки.