Се гордеам со мојата мајка(која не би ја заменила со никој друг на светов,подобра мајка и да посакував неможев да имам,најдобра другарка,советодавателка,поддршка)мојата сестра(иако знае понекогаш ептен да ме извади од такт)моите другарки(кои на прсти се бројат,но секогаш се тука за мене и јас за нив).... Со самата себе понекогаш се гордеам,а понекогаш не(на пр.кога заборавам која ми е главната цел,факултетот,а дозволувам споредни и небитни работи да ми го трошат времето)но имајќи во предвид во каков свет живееме,можам да кажам дека да,горда сум на себе бидејќи се сметам за личност со цврсти вредности,интелигентна,добродушна,паметна и тоа би било се од мене за оваа тема
Хмм се гордеам најпрво со самата себеси со мојот глас што го поседувам за пеење, и уште сум погорда што моите дома се гордеат со тој мој талент
Баба ми да не беше таа, пишете и на чело на Лудо-п р о п а л о! Ептен си ја сакам жената, иако ме замара, и горда сум на нејзе Поздрав бабо, да живееш до 100че и назад, да гледам нови заби како ти никнуваат
Со мојата фамилија. Поточно со татко ми и мајка ми тие секогаш најдуваат најдобрата причина за да се собериме.Потоа се гордеам со моте пријатели...
ТАТКО МИ ... да го измислев немаше да биде волку совршен татко. аххх тој човек ,колку љубов,грижа, ми има дарено (и многу повеќе од што заслужувам) ,колку пати сум го повредила никогаш ништо не ми пререкол ,само со убав муабет ми укажувал на грешките .Кога и да направам некој проблем ,беља,екцес ТОЈ е тука заедно да го решаваме проблемот Секогаш заедно се бориме за подобро утре ,за подобра иднина ,за мојата среќа а воедно и за неговата ТОЈ Е МОЈОТ ХЕРОЈ !