со родителите а и тие со мене хихииххи и јас се гордеам со самата себе,имам многу причини поради кои би се гордеела )))))
Многу самоуверено, но се гордеам со самата себе, знаев кога, како и зошто да пресечам, сама се изборив за се во животот и сама продолжувам. Успевав и кога не беше возможно, станував од калта и кога беше најтешко, се насмевнував и кога срцето ми се распаруваше од болка, пораснав кога требаше да уживам во детството.... Не е лесно да живееш сам толку време, годинава јубилејна, 10та, и на тоа се гордеам.... Јас сум си самата на себе херој, знам дека звучи многу, премногу егоистично, но се откажав од толку многу така што си заслужувам самата да си влепам еден орден на издржливоста
Мојот деЧко! Значи колоквиумска имам, јас дома пред лаптоп учам учам, пишам, а тој, мечок мој значи, без проблем и караници, прифати сам да го среди и исчисти цел двор, а мене да ме остави да си учам, под услов после да тркнеме до Супер Тинексот, да си готвеме заедно ручече, и вечерта пак слободна за учење да бидам. Прекрасен човек, нормално со свои недостатоци, кои со задоволство ги прифатив, и никогаш не сум зажалила што му дозволив да е дел од мојот свет. Човек, кој буквално е човек, знае секогаш да даде најдобар комплимент - чудо како секогаш се забележува... да ме насмее до солзи, да ме разнежни... Мојот човек на кој сум горда и му посакувам да ми е жив и здрав. Човекот со кој сакам да живеам и остарам. Само тој, и никој друг. Никогаш не сум била посигурна, никогаш.
Мајка ми - сама израснала терсене жена ко мене Татко ми - ми недостига премногу Дечко ми - срце си е.
Со самата себе, се што зацртав досега постигнав и притоа остварив солидни резултати. Со сестра ми, за нејзини години има одлична општествена репутација, напредува и оди само напред
Се гордеам со себе, затоа што секогаш сум силна и продолжувам без разлика на се. Со мајка ми. Ја сакам премногу и се гордеам со неа затоа што успеала да победи, затоа што го има најпријателскиот однос со мене и затоа што е многу издржлива и истрајна.
Горда сум на мојата личност,затоа што и покрај толку влијанија , јас останав Јас. Исто така се гордеам на мојата мајка која е симбол за издржливост и истрајност, која и покрај се успеа да ме израсне во една здрава особа и да ме изведе на прав пат. Се гордеам со тоа што не се плашам да сакам безрезервно.
Со гордеам со самата себе, во последно време имам толку мотивација и упорнот се надевам дека ќе продолжам така. Со партнерот колку е само полн со разбирање, успешен за неговите години неговите врсници можат само да му завидат. И секако со моите родители, а посебно со мајка ми која е толку прекрасна личност храбра, упорна, вредна со еден збор мојот херој
Се гордеам со себе си бидејки се што ке зацртам го пистигнувам и покрај се што ме снаога во животот не се предавам наместо да пагам во депресија станувам се посилна
Се гордеам со мојот мил сопруг,додека јас лежам и си се одморам он убаво ми испазарил се што ни треба за дома,а јас оптегната имам милион желби и нели сега дека во блажена состојба моето мажуле ми ја исполнува секоја. Мх мх па нели јас ја имам најголемата одговорност-на овој свет да му донесам потомок на мојот маж.. Ах би сакала вака секогаш да ми угодува..
Се гордеам самата со себе,бидејќи многу работи сум издржала уште од малечка.Мотивацијата која ја имам за да постигнам нешто и да бидам некој и нешто во мојот живот.Е тоа сум јас и се гордеам со мене.
се гордеам со моите зелени очи со тоа што можам да го прифатам човек таков каков што е, што имам свој силен став за некои нешта, што сум шегобиец