Со срцето на мајка ми. Трпеливоста силна нејзина. Чистотата која постои и блеска во неа. Грижата кон другите која ја нуди. Нелакомоста. Никогаш не сум ја чула да навреди некој. Убавината на нејзината душа. Јас би сакала да ја направам среќна и мирна. И се би направила за неа. Таа и сестра ми ми се се. Некогаш размислувам како да и заблагодарам за се што направила за мене. И верувајте неможам да смислам достојна благодарност до неа.
Со Татко ми, му се воодушевувам на почитта, смиреноста, хуманоста и љубовта која ја има кон секое живо суштество ( ах камо да се метнев на него )
Се гордеам со самата себе.А тоа значи со мојата самодоверба,самокритичност и амбиција за успех. Можеби сум престрога на моменти во моите одлуки,но тоа ме дефинира како зрела личност која умее да ги увиди грешките и да ги признае.Секој е посебен на свој начин,но идеален не постои
Мајка ми. Тоа е најсилната жена на свет што ја знам. Поради преголемиот терет што со години го носеше на грб, сепак секогаш беше гордо исправена и насмеана. Секогаш викаше ќе помине се, доброто ќе дојди и за нас...секогаш ни даваше сила и утеха на мене и сестра ми. Мој херој, мој идол, моја звезда што ме води низ животот.
Горделивоста е грев, ама сите грешиме, нели... И често ми се случува да бидам горда на успехот на работа, на успехот во кариерата, на успехот да го чувам до мене најдбриот дечко во животов, на успехот да бидам смирена и одмерена кога сите вриштат, на најпаметниот брат на сите времиња, на почитта која ја уживам од другите, на потеклото, на негазењето на сопственото јас, на куп работи... Многу гревови се тоа, ама па затоа се трудам да бидам скримна кога ке се освестам дека гордоста е гнаса, па знам и да си кажам дека само среќа е што ги имам сите овие работи, и дека се може да исчезне ако не се трудам да успее, секој ден, секој момент.
Морам да кажам дека се гордеам што сум се родила без никакви проблеми и здравјето сум го зачувала целосно и до ден денеска. Се гордеам со мојата мајка која ме донела на овој свет и да не би била таа јас не би имала можност да го пишувам оваа моментално. И се гордеам бидејќи сум од ретките кои знаат да бидат вистински пријател покрај се,што имаат искрена душа.
Се гордеам со себе, што сум успешна особа во права смисла на зборот, што немам никакви пороци, што немам никаква дамка во животот, што не сум ги обрукала моите родители..... Можеби изгледа малку нарцисоидно но навистина сум задоволна од себе, и кога ќе застанам пред огледало можам да се погледнам во очи самата себе. Најтешко е да се погледнеш во очи самата себе и кога ќе го вратиш филмот да нема нешто од што би се срамела. Се гордеам со моите пријатели и им завидувам што имаат за пријател особа како што сум јас.
Лав сум во хороскоп и се гордеам со се што е мое хехехе шала на страна, си сум горда на талентот за уметност и креирарање наследен од родителите ^^
Се гордеам со мојот татко , тој е моето огледало во кое постојано се пронаоѓам себеси , единствениот човек кој најдобро ме разбира , човек кој бил , е , и ќе биде до мене и во лоши и во добри моменти , човек кој ке ме подржи во сите мои постапки но и ке ми укаже на грешките кога ке згрешам . Тој е столб на кој можам секогаш да се потпрам и ако паднам некогаш во животот тој е првиот човек кој ке ми помогне да станам и да продолжам напред . Те сакам најмногу тато
Се гордеам со себеси,што сум доследна на секој мој збор,добро освен на тоа што не си стојам на зборот дека сум на диета. Се гордеам со мене како психичка личност,но како физичка се уште не,ама и тоа ќе бидне.
Најпрво се гордеам со самата себе, потоа со моите зашто успеале да постигнат нешто во животот и одгледале 2 прекрасни деца, со моите другарки оти ми се потпора во животот и незнам што би правела без нив, со класниот оти ни е како татко на сите нас и ни ги знае дури и приватните проблеми и со мм зошто ме сака и ме трпи кога сум во ПМС