Се гордеам со мојот братучед што ми покажа што навистина сакам во животот, што е мојата љубов и дека за тоа е потребно многу трпение... Така да благодарна сум што постоиш
-се гордеам со моето семејство -на мојата упорност и истрајност во нештата кои навистина сакам да ги постигнам.. -на моите амбиции да станам некој и нешто, човек со кариера, големи знаења и свои трудови -на мојот оптимистички поглед на животот и тоа што секогаш верувам дека ќе биде подобро..
Со моето потекло, кога некој ќе го слушне моето презиме веднаш ми ги споменува дедо ми, татко ми и останатиот дел од негова страна.
Се гордеам со себе со мојата мајка,мојата внукичка, и мојата сестра @natemila .Благодарна сум на господ што ве имам најмили мои ве сакам највеке
...себе си! Но, се она што сум денес им го должам на моите родители, се гордеам со нив, со сета љубов, внимание, разбирање, сето време кое ми го посветија и ме направија личноста која сум денес! Иако мајка ми не е веќе на овој свет, се гордеам што ми беше мајка, а татко ми кој откако ја нема сам ми нуди онолку колку што добивав од двајцата
Се гордеам со себе си оти сум пред се силна личност, паметна, со цврсти принципи и ставови. Се гордеам што така размислувам, што имам свое јас и што сум горда и не дозволувам да ме шуткаат, туку се залагам за себе. Се гордеам со Марли кучето мое и постојано се фалам за него раскажувам на сите слики покажувам итн Се гордеам и со неколку личности во мојот живот.
Се гордеам со моите родители што уште стојат на нозе, и покрај сите животни бури кои ги зафатија. Особено горда сум на мајка ми, на нејзината сила, на нејзината упорност и начин на размислување во битни ситуации. Моите ми се се’ на светов, не знам што би правела без некој од нив (скраја да е). Горда сум на мојот животен сопатник. Горда сум што ме „убеди“ да бидеме заедно и од тогаш до ден денес само ми покажува колку голем човек во душа е. Горда сум на него што ми беше поддршка во многу тешки моменти во животот и што остана безусловно со мене, додека некој друг ќе си заминеше. Уште еден таков човек како него не знам дали ќе се роди.
Gorda sum na sin mi,od bebe e borec i mi dava sila zaedno da se borime protiv site prepreki vo zivotot.
Со моите родители и се што ни пружиле и не научиле. Со брат ми кој е пример дека со сопствен труд и тука можеш се да постигнеш што ќе замислиш. Со маж ми кој е доказ за упорност и љубов. За безрезервна посветеност кон семејството. Борец каков што не сум сретнала. Моја инспирација во животот.