Се гордеам со мојата витка става и високите нозе и со моите добри гени Се гордеам бидејќи досега никому не сум направила ништо лошо,барем не намерно Се гордеам и со мојата добра душа и мојта уникатност.
СГ со мојата машка храброст, со саканиот и со родителите кои секогаш заработувале чесно и никогаш не си го извалкале името !
Горда сум што те запознав во мојот живот... се гордеам што успеа да се справиш со стравот, неуспехот и искушенијата... од првиот момент верував дека можеш да го направиш тоа. Ти си една прекрасна личност! Не си свесна што се би дала за да бидеш најсреќна... само морам да те замолам да бидеш трпелива, да продолжиш да се бориш како досега. Знај дека секогаш ќе бидам зад тебе и нема да дозволам никогаш повеќе да се почувствуваш бедно! Ти си мојот Ангел. Те сакам и горда сум што те имам покрај себе! (посветено на другарка ми)
Се годеам со се што сум денеска .. Се гордеам на сите мои другарки ... На мојот дечко ... Моите родители ... Се гордеам на тоа што сум посебно у многу нешта ...
Се гордеам со себеси! Заради се што правам за да си ја постигнам целта во животот.Затоа што учам и вложувам во себе.Зошто сум сигурна во себе,позрела од моите врснички за некои работи и ЗНАМ дека ќе успеам многу во животот! Се гордеам со моите родители! Тие се мојата поддршка. Се гордеам со мојата тетка. Таа е мојата инспирација. Се гордеам со брат ми! Бидејќи во најризичната возраст тој се бави активно со спорт и избра здрав живот!
се гордеам со мајка ми спас за нашето семејство најборбената жена на целиот свет п.с.сакам да сум како неа
се гордеам со татко ми и со вујко ми ама оноа башшшш и секако се гордеам со мајка ми мада некогаш знае да ме изнервира
Горда сум на мајка ми,ја користам оваа прилика и да и се заблагодарам.Со една мала плата успеа да не прати на факултет и мене и сестра ми и никогаш не ми недостасувало барем она основното.Имам што да јадам и имам топол дом. Се гордеам со самата себе.Горда сум што секогаш се соочувам со секоја ситуација без да бегам од проблемите,имам претрпено болни работи што не би можел секој да ги истрпи,горда сум што сум позрела од другите на мои години.И горда сум воопшто на се до сега што сум го постигнала сама без ничија помош.
Се гордеам со мојата мајка која има поминато мн.тешки работи во животот и сеуште храбро се држи и ги поминува и моите со мене.Те сакам мамо
Се гордеам со син ми кој што го сакам највеке на цел свет и исто така се гордеам и со моите родители.
Се гордеам со брат ми ... градиш кариера каква за што во нашава држав не може ни да се сонува Се гордеам што немам фејсбук Се гордеам со моите готвачки вештини во последно време Се гордеам со дечко ми што има толку добар вкус да се загледа во мене :geek: