Се гордеам со моите родители и брат ми.. тие се моите херои, моето се. И воедно им благодарам за се што направиле за мене
Се гордеам со моите родители кои што ме израснале, се грижеле за мене, ме сакале без разлика на се`, ме научиле на многу важни работи во животот и ми го покажале вистинскиот пат. Се гордеам со тато, Бог нека го прости, што беше одличен татко, што ме научи секогаш да правам добри работи и да имам добри мисли во главава и срцево и ако нешто правам да правам од срце, да не дозволувам да ме газат и да си играат со мене, да се изборам за своите права, па и да бидам малку откачена , да не потклекнувам и секогаш да знам од каде ми се корените. Се гордеам со тоа што сум негова ќерка. Се гордеам со мама затоа што е навистина јака и цврста жена , затоа што животот и зададе многу удари и сите ги издржа, што би се рекло - „ машки“ и во ниту еден момент не потклекна и не се предаде; затоа што има големо срце полно со љубов и толеранција. Се гордеам и со сестра ми што секогаш е тука за мене, што знае да ме развесели и да ми го подобри расположението, затоа што е паметна личност и одлична сестра. Ве сакам најмногу и навистина се гордеам со вас и со тоа што сум ваша ќерка и сестра ! Се гордеам што имам постигнато нешто во животот и се гордеам на секој мој успех, како и на успехот на моите блиски и пријатели, се гордеам што имам луѓе кои ме сакаат, пријатели, другари... Се гордеам со себеси што станав нешто со што се гордеат моите. Се гордеам што сум Македонка!
Се гордеам со многуте саати поминати пред лап топ Друго- стварно сум во лудо расположение и ќе кажам некоја глупост, ни самата не знам што сум сакала да кажам Ај да не дрндам многу, многу, ќе им оставам простор на оние што стварно имаат нешто да кажат!
Се гордеам со моите родители и брат ми.. тие се моите херои, моето се. И воедно им благодарам за се што направиле за мене
се гордеам со моите родители шо напрајле се за мене се гордеам со брат ми,,(близнакот)..шо го сакам најмногу се гордеам со другарка ми најверна..таква личност нема да се роди
Се гордеам со моите родители, особено со мајка ми. Се гордеам со мојата баба која е извонредна и силна жена и со мојот доста успешен брат. Си ги сакам сите!!!!!! Исто се гордеам и со моите пријателки кои се секогаш тука за мене, прекрасни се!!! И се гордеам со самата себе, за моите успеси, за себе како личност и за мојот изглед, а за тоа се заслужни сите кои стојат зад мене и ме поддржуваат. Се гордеам со мојот дечко кој е моето сонце! Ве сакам сите вие сте мојата гордост!!!
Најмногу се гордеам со татко ми. Човек кој секогаш е тука да ме советува да не залутам по погрешен пат, да ми го кажува она вредното во животот. Со него морам да признаам сум мнооогу поблизок отколку со мајка ми. Покрај тоа, се гордеам и со мојата девојка, личност која е секогаш овде да ме ислуша, да ми помогне, да ми каже едно ТЕ САКАМ и во најтешките моменти. Нема да и кажам ВИ БЛАГОДАРАМ, наместо тоа и ја давам мојата бескрајна љубов
Се гордеам со моите дома, со самата себеси си , со чистата детска љубов што ја добивам од мојата малечка сестра....
Се гордеам со моите родители (што направиле вакво добро девојче како мене ),шала на страна се гордеам со нив зошто и покрај сите потешкотии кои им ги донел животот успеаа мене и брат ми да не подигнат и од нас да направат луѓе! Се гордеам со брат ми, уште дипломската и готов е Се гордеам со самата себе, зошто сум упорна и истрајна, зошто го постигнувам тоа што ќе го замислам НО на ЧЕСЕН НАЧИН Се гордеам со мојот мал внук! Има само 1 година сонцето мое, а толку е паметно!
Се гордеам со другарка ми што храбро се носи со болеста нејзина, што реши да оди да го види Саи Баба пред да почине, што навистина и даде духовен мир и не сум ја видела посигурна во себе, што си најде љубов и храбро чекори напред.
Јас се гордеам со себе си бидејки и по лошите случувања еве повторну сум на нозе и имам изградено став и како личност не су мзлонамерна ,праведна
Со гордеам со моите успеси и напредокот кој што го постигнав во оваа 2011 години. Горда сум на промените кои ги направив
СЕкако си се гордеам со родителите(како да не се гордеам кога родиле ваква ќерка-шеќерка )Се гордеам со цеце најмногу Шала на страна уште малку ми фали да се гордеам со себе,али ќе биде
пред се се гордеам со себе, зашто мислам дека иако сум млада, сум доста сериозна и зрела личност за мои години и заради тоа што секад мислам прво на другите, а дури потоа за мене(иако сум свесна дека тоа ми е најголема греска) се гордеам со моите другарки и нај,ама најнајмногу се гордеам со моето учество во црвениот крст..тоа е чувство кое во последно време ме исполнува максимално....
Се гордеам со мајка ми, она е мојот ИДОЛ Се гордеам со самата себе, бидејќи и во најтешките моменти не застанав и продолжив понатаму и со тоа изградив личност со јака страна на своето ЈАС, ....се гордеам и со мојот изглед
Се гордеам на моите родители и со начинот на кој ме воспитале , што значи се горедам со себеси, и со другарка ми која доживеа премногу тешки работи во семејството за краток период и пак е на нозе.
Денеска конкретно, без никаков сомнеж сум горда на самата себе. Звучи нарцисоидно на некој начин, но денеска јас си докажав на себе дека сепак сум една од најдобрите. Се надевам нема да се разочарам себе си во иднина.