со себеси како целина, со мојот цврст карактер, со моите досегашни постигнувања, со моето тело ( со него најмногу ) се гордеам што кога паѓам секогаш се исправувам и со крената глава продолжувам понатаму.. се гордеам со многу работи
Се гордеам со моите родители кои и покрај тешкотиите во животот успеале да не пораснат мене и сестра ми како што треба, да не воспитат , да не школуват... и се гордеам што ни јас ни сестра ми не тргнавме по лоши патишта, туку останавме скромни, културни и паметни Воопшто се гордеам со тоа што сум го постигнала до сега, што си ги зимам испитите на време..е уште да одам догодина за Америка и да се вратам здрава и жива и уште повеќе ке си се гордеам со самата себе
Со себе. Го положив испитот со највисока оцена, утре изложба уште две на повидок. Се гордеам што сум мајка на Мила.. МХМ да се гордеам колку и да звучи самобендисано и се гордеам што си имам прекрасни луѓе покрај мене...
Горда сум на мојот татко затоа што е прекрасен татко и сопруг, секогаш праведен и решителен. Горда сум на мојата мајка која што цел живот прави се за нас и наше добро. Затоа што е искрена и вредна. Горда сум на мојата сестра затоа што е воспитана, културна и добра личност. Се гордеам на самата себе што и покрај сите препреки, лаги и неправди што ми беа нанесени продолжив со животот. Продолжив да се смеам, да се надевам и да верувам. Горда сум што завршив втора година на факс.
Се гордеам на себеси и на моите родители што ми помогнаа да го изградам мојот карактер,како стабилна и упорна личност!
Се гордеам со моите родители.. Ми обезбедиле се што ми е потребно за да станам искрена, чесна и воспитана личност. Исто така се гордеам на брат ми , кој е секогаш тука за мене иако многу пати сум го навредила
се гордеаМ со тоа што сум македонка и што сум убаво воспитана (на денешницава кога гледам малограѓанство и невоспитани персони благодарна сум со мама и тато се гордеам и со нив во тие моменти што ме воспитале, ДА БИДАМ ЧОВЕК )
Се гордеам со тоа која сум, се гордеам на секој мој успех, се годеам што сум храбра и имам сила да издржам, продолжив да се смеам, да се надевам и да верувам и кога животот ми задава удари. Фала му на Бога!
Се гордеам со татко ми,мајка ми,сестра ми и дечкото кој е мој херој и го сакам најмногу горда сум што запознав таква личност
Во мојот живот сум горда за скоро се, се се десило со причина. Во лошо-добро е мојата мајка, таа е прчината ради која ја сум гордо изградена личност со став
си се гордеам со себе да не испадни ова како да сум најголем нарцис на светот со тоа што сум амбициозна , паметна и снаодлива за разлика од мнооогу врсници, интелегентна, комуникативна, добар пријател (ова од другите како комплимент)..се гордеам со тоа што досега сама сум го постигнала, со моите родители кои успеале да ме воспитаат правилно и да ми помогнат да се изградам во личност каква што сега сум, и за крај си се гордеам што сум невиден инат а и на изгледов си сум колку толку горда абе на све
Како прво, се гордеам со мене. Се гордеам со моите родители, брат ми. Се гордеам што сум нашла 2 другарки, кои не би ги менувала за ништо. Се гордеам со моето богатство, моите блиски!