Прво се гордеам со самата себе. Па со моето семејство и моите другар(к)и. И сите луѓе што ги сакам и што ме сакаат.
Па, со овие моиве дома ..... Јесте да ме нервираат поприлично , али сепак се најдобрите луѓе што би ги одбрала во моја околина Потоа, сама со себе, оти сметам дека добрите особини ми преовладуваат над тие лошите ..... Со тоа што сум се изградила правилно ко личност и мислам дека ги ценам битните вредности кај луѓето секогаш .... И со паметов колку-толку си се гордеам И да, и со телето мое се гордеам . Онака, ги поседува тие квалитети што ги ценам кај човек и што некад посакувам, некои од нив и јас да ги поседувам Тоа би било тоа сега засега.
Се гордеам со Баба ми претрпела се во животот млада се омажила и успеала да изгледат 3 деца...Си ја сакам најмногу Таа ме израсти и изгледа додека како мала мајка ми одела на работа.. Се гордеам и со татко ми,прекрасен човек ГО ИМАМ НАЈДОБРИОТ ТАТКО И на крај се гордеам и со дечко ми Тој е онај кој што ми е најважен во животот исто онолку колку и моето семејство
ТАТКО МИ! Тој челик човек, кој покрај најголемата неправда во животот од неговата мајка, успеал во животот сам, сам! Без мајка, без татко, без сестрите две... Тато еден ден ќе бидиш горд на мене, ветувам! .........
Значи се гордеам со моите родители имаат многуууу постигнато,со самата себе (тенќиу тенќиу) ... со брат ми душичка
... тато. Најдобродушниот човек, што познавам. Никому зло не мисли, многу реален, работлив до болка, многу се раздава на сите, дури и да не го познава, ќе му направи некоја голема услуга. Никогаш од него немам слушнато како на керка да ми рече „Те сакам“ или нешто слично, но цел живот ми го е покажувал. Имам нај добриот тато на светот и се гордеам со тоа. Жал ми е само, што единственото им дете (јас) замина на 1000км далеку од нив и сега се сами. Си замислувам какво им е... Мен ми е истото, тажно ми е, понекогаш плачам, зш ми недостигаат, но сега се тука за Божик и Нова Година и им се радувам ногу. После кој знае кога пак ќе се видиме
тато и мама По не знам кој пат ми ја раскажуваат нивната приказна како се сретнале и како го постигнале она што го имаме денес и никогаш не ми станало досадно. Души убај тие, само да ми се здрави и живи!
со баба ми ....Жената е приказна за себе ,неможам да се изнаслушам на приказните од младоста , како се запознала со дедо ми , дека неќеле да ја дадат за него ама попуштиле на крајот што било реткост во нивно време ,,а кога се родил татко ми многу се радувале иако имале едвај да преживеат.. До сабаље можам да пишувам за бабичка и пак нема да биде доволно..ме има научено на многу работи , поради нејзе почнав повеќе да ценам се околу мене ..
Се разбира дека со самата јас. И ако многу пати сум паднала, сум успеала да се изградам во вистинска личност. Се гордеам на ставовите и начинот на кој размислувам и гледањата кои ги имам во животот. На тоа што сум креативна, итра, амбициозна, снаодлива, креативна.... експерт за мода, на мојот изглед и стил.... На тоа што успевам да го добијам тоа што го сакам. На мојот усшех на факултет и најважно - го студирам тоа што го сакам и што сум сонвала цел живот.