Највеќе се гордеам со моите родители бидејќи сакаат се да ни удоволат на мене и брат ми. Се гордеам со моето братче Се гордеам и со моето друштво
Со моите издржливот и оптимизам. Сигурно звучи малку егоистичко, ама сум добила многу тешки битки во животот, и затоа мислам така.
најпрвин се гордеам со мене самата ! потоа со моите родители,моите другарки....и се гордеам со мојот бивши
Се гордеам со брат ми. Помал е од мене 4 години, но израсна психички и физички во вистинско момче. Многу зрело размислува за годините што ги има, и многу е паметен. За брзо време порасна и почна да ги разбриа работите во животот какви што се.
Се гордеам на бмоите родители благодарение на нив сум она што сум денес... се гордеам на она што го имам до сега постигнато во животов.
Се гордеам за многу работи меѓутоа најмногу во моментов се гордеам што имам една најпрекрасна личност во мојот живот!
Најмногу се гордеам со моите родители,зошто навистина се прекрасни во секоја смисла. А исто така се гордеам со моите успеси,со се она што сум успеала да го постигнам самата без ничија помош и единствено со сопствен труд
Се гордеам со својата упорност, благодарение на која од грдото пајче прераснав во лебед После многу многу мнооооооогу вежбање, откажувања,гладувања, пот и демотивирања од луѓето околу мене, денес сум тоолку блиску до телото кое секогаш сакав да го имам Понекогаш е добро човек да е тврдоглав
Се гордеам со мајка ми, жена во која се собрани најдобрите човечки особини! Не затоа што ми е мајка, затоа што е навистина така.. И се восхитувам. Се гордеам со своето, она досегашното. Колку што понекогаш ми се чини дека предвремената зрелост ми била блокада тотална за некои работи, толку повеќе сега сфаќам дека се гордеам со тоа! Сама дејствував, се штитев, се тешев.. И сеуште го правам истото. Се гордеам највеќе затоа што можам да бидам независна, затоа што сум способна. Многу. За понатаму, ќе видиме.