1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се затвора книжарницата „Табернакул“

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 27 октомври 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.780
    Допаѓања:
    131.179
    И да се сТрамиш.
     
    На SURF, Dennings, Ana Chio и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Одамна им е ситуацијата крш, познавам луѓе вработени таму. Мислевме ќе се среди :(
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bibliophile

    Bibliophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае што ќе се случи со нивните изданија? Каде ќе може да ги најдеме?
     
  4. Felony

    Felony Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Не е баш 100% потврдено, но мислам нивната издавачка дејност се` уште не е запрена и ќе си тера вака како што е, исто како на темплум, ќе продолжат да се продаваат по другиве книжари.
    Од оноа што им преостана во книжарницата, оставија мејл и контакт телефон, но тоа важеше за „постапокалиптичниов период“. За ептен понатаму што и како ќе биде, не знам.
     
    На rose60 и Bibliophile им се допаѓа ова.
  5. hooked on shapes

    hooked on shapes Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    70
    Internet portali " sekojdnevno " se otvarat a knizharnicite se zatvaraat.
    Ne e dobro toa definitivno.
    Ako trebashe da ni dojde umot od "internet chitalnite" odavna ke "pievme nafta" namesto koka kola.
     
  6. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Секој почеток има свој крај.
     
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не се виновни ниту турските серии, ниту пак Бранко. Во прашање е немаштијата. Одново и одново истиот муабет за кафиња и гаќи. Ама не е така. Не правиме муабет за оние што пијат една шоља кафе во центар која чини најмалку 60 денари, туку за оној обичен народ кој во Кам го гледа она поевтиното турско од 60 денари од кое може барем 10 шољи кафе да се направат.

    Многу луѓе се на работ на егзистенција, па дури и оние кои имаат "државна" работа. Тие 500 денари за книга, за некого се сметка за вода за цел месец.
    Но, секој кој што сака да чита ќе најде начин, дали ќе е тоа зачленување во библиотека или крадење книги од инернет.
     
    На LollySky, theowndemon и Madam-A им се допаѓа ова.
  8. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    68
    Не се сложувам со тебе. И јас немам пари па се снаоѓам да купам книга.
     
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Готичарка штом се снаоѓаш да купиш книга, сигурна сум дека имаш пари. Дали си била во ситуација да се снаоѓаш да платиш сметка за струја? За таква немаштија зборувам.
    Да се разбереме, одлука е дали ќе дадеш пари за излегување/ кафана/ блуза/ долен веш или книга.
     
  10. Felony

    Felony Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Но од тие со таква немаштија, книжарницата не пропаднала.
    Иако кај нас немаштијата е во голем процент, но од друга страна гледам луѓе кои креваат кредит за ајфон, скутер4е (вака цинично да се изразам), автомобил4е купено на старо од германија, Зара потковици кои се правени во земји од трети свет.
    За сиромаштија во дух, секако сме ненадминливи барем на балканот. Еден од начините човек духовно да се збогати е читањето книги. Потоа следува посета на театар, концерт, други земји кои во програмата на посетата не вклучува само едно часовна панорамска обиколка низ центарот на градот па после тоа заглавување во некој трговски центар за арчење на лесно стекнатиот кредит кој подоцна ќе се отплаќа трократно.
     
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Felony ама тие што земаат кредит значи имаат и плата да го оправдаат задолжувањето, па од тука имаат и за книга.
    Точно е дека духот на младината е прилично сиромашен.

    Е сега, додека на една личност и е битен мобилниот, излегувањето и облеката, на другата личност и е книгата или општо земено, културното воздигнување. Тоа е - секој со своите интереси. Оние кои имаат пари а не се заинтересирани да прочитаат некој пишан збор - никогаш не купиле, а нема ни да купат книга. Значи не се затвараат книжарниците од нив.
    Ама од друга страна, оние кои сакаат да читаат, а имаат ограничен буџет нема да купат книга. Јас зборам за оние личности кои купуваат за јадење и спремаат дома а не одат во кафана или купуваат облека, ама не брендирана, туку како потреба. Е тие ќе ја позајмат од колешка/ пријателка, библиотека или на интернет.

    Пак ќе кажам, не можеш некого со сила да натераш да чита, без разлика со колкав буџет располага.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.780
    Допаѓања:
    131.179
    Колку не се сложувам... Поради немаштија се отвораат кафичи на секој ќош? Поради немаштија врие од бутици? Поради немаштија нема слободно место да седнаш на ручек, па мораш да закажуваш?

    Не, приоритет на површинските луѓе се наведените работи, не читањето. Во најголеми немаштии луѓето твореле. Кај нас младината повеќе би дала 1500 за искинати фармерки и моливче заочи, ајфон или што било, само да не е книга.

    Проста ни е рајата, затоа ни е и скап животот.
     
    На SURF и Felony им се допаѓа ова.
  13. Felony

    Felony Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Првиот болд - наместо интереси - приоритети. Има малку разлика во овие два навидум слични зборови. Интересот е онаму каде ти не мораш да вложуваш економски средства, додека во врска со темава, повеќе би се нарекло приоритет, особено ако веќе се смета дека луѓето многу ограничено располагаат со економски средства.
    Ги гледам и оние кои се со скромни плати но ставаат на приоритет духовно да се воздигнат, (секако и тука има големо поле за дискусија околу претенциозноста и тоа колку е таа корисна/штетна). вложуваат, наоѓаат начини.
    Споредбата е следна. Таргет групата прво оди кај релативно младата популација 23-30 г. Една книга со просечна цена од 300-400 денари секогаш ќе биде поевтина од едно вечерно излегување, било тоа на кратка или долга релација. Затоа што една книга просечно се чита во рок од недела дена, додека распонот од едно до второ излегување е 3 дена во просек (ако се излегува петок-сабота и еден работен ден на вечерна пијачка. Повеќето знаеме отпилике колку се троши за едно излегување, не па да го собереме просекот за една недела. Секако дека не е 400 денари. И тоа говориме за некој кој има релативно просечни примања/гребење од родители итн.Тука веќе збориме за приоритети, затоа што веќе не се располага буџет кој ќе ги покрие сите интереси кои единката ги поседува.
    Кај таргет групата на доцна младост и средовечност (30-60г) издатоците на заеднички живот се основен проблем, оттаму и потребите за инвестиција во нешто покапитално. Но запрепастувачки е фактот дека токму во овие години, единката ги прави капиталните грешки инвестирајќи во сосем површни работи како скап искористен автомобил, ајфон (за него и неговото дете), уплата во туристичка агенција за патување во некој град во рок од 3 дена, (ова не знам како некој го сместува во духовно воздигнување кога во рок од 3 дена во кои 2 ги поминуваш во транспорт буквално ништо не можеш да видиш). Сума сумарум, оваа таргет група е површна во своите приоритети, најпрво затоа што кога спаѓала во првата таргет група, затоа што нешто побитно од ливчето во кладилница или пак курчењето пред друштво зошто земал најнов ајфон или зошто смувала локален баџа и нема.
    Познавам (се дружам со) луѓе од иста проминиенција, со слични (скромни) примања но ралични приоритети поставени уште од зачетокот на созревањето. Разликата е запрепастувачки драстична.
    Оттаму и е страшно зошто се затвораат книжарници а се отвораат кладилници и во најлош случај партиски штабови.
     
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Felony интереси гледано од аспект - вложуваш пари во скап телефон или брендирана облека наместо во книга. Одредена личност има интерес да купи телефон оти тоа ќе го направи "битна фаца" во друштво. Дурга личност има интерес да купи книга оти е љубител на пишаниот збор и тоа духовно ќе ја воздигне. Значи поимот го немам утнато, барем не онака како што ти се обиде да го изобличиш тоа. Водиме една дискусија, а ти се обиде мене да ме направиш полуписмена. А не сум, штета за тебе. Небитно.

    Морам да извлечам генерален заклучок дека сепак оние кои читаат немаат доволно пари да вложат во книга.

    Мене ми е интересно прашањето: дали е подобро еден млад човек да даде пари за кафана или да ја купи книгата од Лајла? :?:
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.780
    Допаѓања:
    131.179
    Секоја биртија е подобра од Лајла. Ама не постои лоша книга, и од таквите ќе научиш како не треба да изгледа една книга.

    Иначе исто е повраќањето после лош алкохол од биртија и некоја од книгите на Лајла. Препорачувам за диета.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Felony

    Felony Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Не е изобличување, само погрешно протолкувано е. Секако половично се сложувам во твојот претходен пост. Не спомнав никаде дека си полуписмена. Пеки.
    Оние кои читаат немаат никаква врска со економските средства со кои располагаат. Или обратно - еднакво читаат и сиромашни и богати. Сиромаштијата во духот не познава чиј џеб е празен. Оној кој е богат финанскиски, само му е попристапно да дојде до театар, патување, книга.
    Целата поента на дискусијава е што кај нас луѓето се далеку посиромашни духовно и нивното помрднување од мртва точка оди многу многу поспоро. Нема никаква врска за тоа дека луѓето немале пари па заради тоа не можеле да купат книга.