Па да бараш конкретно мислам дека не можеш. Тоа се чувствува ако некој е геј/би. И ти ако си сигурна дека си би ќе го почувствуваш тоа, таков vibe ќе има таа личност, не знам како да ти објаснам...
Е добро де еден куп жени одат во теретана, еден куп жени, мајки и сопруги има во војска, не секоја жена мора да е нежна, дамска, не е женственоста само во тоа. На темава ако мислиш дека и се свиѓаш и ти прашај ја најотворено и најискрено, ама тоа ќе е финално, ако не осеќа ништо за тебе ќе биде крај и на другарството.
Искрено за некој што е во ЛГБТ заедница, многу некако примитивни мислења. Ако сакаше жени немаше да има моментално дечко. Можеш да отвориш тема на разговор како сексуалноста, да дознаеш дали уствари она може да има чувства кон жени. Но, сепак сметам дека е ќор сокак и дека само ќе си уништиш пријателство. Подобро одалечи се некој период, дур оладат чувствата. Ти поскаувам многу среќа понатака и верувам дека ќе најдеш некој/а што ќе те усреќи.
Не мора да значи дека не сака жени ако е моментално со маж. Јас сум со маж 14 год, ама сум имала симпатии и за жени, баш како симпатии за маж, би била со жена и можам да се замислам во врска со жена, така да не значи дека не и се допаѓаат жени само значи дека штом има дечко моментално е зафатена и немаш право да и се меша.
Да да тоа мислев кога кажав да зборат за сексуалноста. Да знае дали има уствари шанса некогаш во иднина. Сеа прочитав стварно лошо сум го напишала лол
@Ane_na_Bisera16 Девојката е во врска, без разлика дали сака само мажи или и мажи и жени не можеш да бидиш со неа. Јас би ти рекла ако ти значи и не сакаш да ја изгубиш да останиш само на пријателство со неа. А ако мислиш дека тоа ќе ти е само измачување оддалечи се. Чувства се, ќе се сменат. Утре во друга ќе се заљубиш. Јас ако имав чувства кон личност која ми значи а не можам да ја имам ќе си ги задржам чувствата за себе и ќе негувам пријателство. Рачунај ако сега ѝ кажиш дека си заљубена можи никогаш ништо да не е исто меѓу вас, но сепак зависи од човек до човек и колку сте блиски.
@Ane_na_Bisera16 @Mila.T22 Опааа, нова љубав је на помолу. Другарка некоја за мене плс. Инаку, на темава сум имала две вакви ситуации. Едната ми беше (и уште ми е) другарка, а другата колешка на факултет. Со првата бевме на почетокот на другарството, иако се знаевме од средно и се имавме бакнато еднаш и јас и пишав како се осеќам некое време после тоа, и едино што памтам е дека таа некако го shrug off-на тоа, зошто мислам дека беше доста загреана за една и измеѓу редови ми кажа дека не сака. После краток период не се гледавме, а и некако се подзаборави скроз настанот, јас си фатив некој момак и еве уште си се дружиме после толку години. Другово девојче, јас верував дека имам непогрешив гејдар и бев убедена дека е лезбејка. А вака бевме во супер односи на факс, идевме по кафиња со друштво. И океј, ние стандард си зборевме на фб и еден ден со триста околишења ја прашав за љубовниот статус, којзнае како сум ја прашала ама мислам дека ме примети, ми кажа дека има дечко, my heart sunk a little bit here, ме мавнаа и бедови и срамови. После тоа се оддалечивме, и жал ми е што го изгубив тој однос со неа а стварно фино се согласувавме. Така да, како што ти одговорија феминките, откажи се од девојчето, прво зошто има дечко и не е убаво да се мешаш во туѓа врска, второ не знаеш ни дали е би и трето зошто да си расипуваш другарство кога можеш да си најдеш некое друго, фри девојче.
Тоа што сака машки работи не значи дека автоматизам сака девојки . И јас сакав да служам војска ( стара сум веќе за тоа , ми замина возот ) , знам и сакам да пукам со пиштоли и пушки , еден период од животов бев тепач ( ич не го оправдувам тоа од денешна гледна точка и не знам што ми беше тогаш ) , до ден денес сакам боречки вештини , дури и околу автомобили се разбирам по малку ( знам да ти кажам што и е расипано на кола без воопшто да гледам под хаубата ) , а веќе 7 години сум во брак со маж и имам родено 3 деца . Имаше момент во животов пред да се омажам , кога навистина мислев дека сум би , и таман кога имав шанса да излезам со девојка , јас сфатив дека сепак сум стрејт . Исто изгледам како девојка , и многумина , па дури и мајка ми се чуди како јас како девојка нели , зедов пиштол ( плашливец ) и ладно испукав 5 куршуми на сопствената свадба .