Најпрво расчисти со себе. Прво размисли дали имаш чувства кон неа или само и се восхитуваш. Дали емотивно те привлекува или има нешто кај неа што сакаш да бидеш ти. Малку е без врска да и кажеш, затоа што таа веќе има дечко и направила избор. И јас одам во теретана и вежбам како просечен маж, па секогаш сум во шокови кога ќе дојде згоден дечко да вежба. Како тоа геј девојките изгледаат "ненормално", а ние другиве изгледаме нормално? Уште ги делите работите на женски-машки? Ако ти си геј/би сигурно ќе почувствуваш и ќе знаеш на која девојка да и се пуштиш. Тоа ти е исто како јас да не знам на кое машко да му се пуштам и да прашувам тука да ми кажете. Не треба никој да ти каже, тоа едноставно е потреба и ја чувствуваш.
дали имаш завршено пубертет? и таа? обично ако не е завршен можеби е минлива фаза на развиток на полови нагони. наспроти некои тврдења (според мене лгбт пропаганда) неконвенционалните сексуални определби не се вродени. според модерната психијатрија, не се ненормални ако се јават по завршување на пубертетот. ако е тоа случај, твоја работа, што сакаш прави.
Ја гледам од некни темава и стварно се чудам. Девојката си има дечко (а и да нема со кое право ти ќе ѝ се нафрлаш нејзе???) и што ли е ова..wtf? Мене ми се имаше така случено со другарка. Нешто знам требаше да излегуваме, дојде кај мене, сакаше да ја сликнам. Во ред. Ѝ ги покажував сликите и ме лижна за уво. Фуј. Да не зборам како ми се нафрли со нејзините фетиши. Од тогаш натаму не ми е другарка бидејќи и претходно ми го знаеше ставот на темава иако никогаш отворено не зборувала за нејзината определба. Уште па и се осети навредена.
Вака, јас немам ништо против тоа некој да има партнер од ист пол иако сум стрејт, напротив, меѓутоа и јас се согласувам дека тоа што го правиш не е во ред . Зошто? Затоа што како прво, таа има дечко и не е во ред да се мешаш во нејзината врска. Растурањето врски е многу лошо. Невозвратена љубов сум имала и јас, и тешко преболувам, ама успевам во тоа. И ти ќе го преболиш тоа. Не вреди да си расипуваш другарство. Ако сака работи што се „нетипични“ за женско, не значи дека ја привлекуваат жени. Еве, во теретана одев и јас, па не ме привлекуваат жени. Имам слушано и дека во Израел сите мораат да служат војска. И мажи, и жени. Значи ли тоа дека тамошните жени ги привлекуваат жени? Не. Млада си, повторно ќе се заљубиш.