се надевам дека ќе го поправам проблемот кој ми е даден нарешавање! Бидејки сега изигрувам информатички техничар! Само ако може некој да ми ја прати (ако ја знае постираната изјава во новости за Поголема заштита на Фејзбук! Ве молам!
-се надевам дека ќе положам матура -се надевам дека ќе се запишам на факултетот што сакам -се надевам дека ќе ни се подобри финансиската состојба дома -се надевам дека ќе ми порасне косата од шампончето што си го направив -се надевам дека ќе си најдам капутче какво што сакам и дека ќе си купам кафени чизми и штикли и фустанче.... - И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СВРТИ ОВОЈ КРУГОВ ЗА КОЈ СИТЕ ЗБОРАТ!!!!!!!!!!!
Се надевам дека што побрзо ке дојдат тие подобри времиња, малку да искочиме од оваа беда и криза дома, се молам секој ден за тоа, барем да биде како што беше
Си се надевам јас секое утро штом ќе проверам меил да имам 1 unread message. Се надевам дека ќе престанам да јадам чоколадо, зашто секое денарче што ми стигнува во рака го трошам на тоа. И се надевам дека ќе положам матура и дека ќе се запишам на факултетите што ги сакам.
се надевам дека ќе ја положам матурата се надевам дека ќе ми одобрат стипендија се надевам дека ќе се запишам на факултетот кој што го сакам се надевам дека љубовната состојба ќе се подобри се надевам дека ќе ја напуштаам оваа држава засекогаш!!!
Ќе успеам да остварам контрола над мислите, ќе ги селектирам позитивните од негативните и наредниот пат оптимистичкото расположение ќе ми потрае повеќе од два дена. Се надевам дека ќе имам мирен сон, со соништа кои утредента нема да ги паметам и нема да се будам со вознемиреност и загриженост. Се надевам дека во текот на секој ден, ќе го барам сонцето, ќе научам помалку да се карам, а повеќе да ги усреќувам луѓето. Ќе научам помалку да ги повредувам оние кои сакам. Ќе бидам задоволна со себеси. Во суштина сонувам за - безгрижност, мирен ум и среќа. А тоа и не е така едноставно.
Се надевам дека зацртаните планови ќе ми се отварат назима и дека годинава нема да забегам со учењето!