Дека ќе им дадам планирана завршница на некои мои работи и дека ќе ми се отвори патот за некаде надвор. Ах, соништа...
Се надевам дека ќе постигнам поголем успех пред се на факултет. И дека врскава моја ќе стане уште повеќе поцврста од што е сега!
Се надевам дека ќе најдеме работа и јас и ММ,и дека еднаш за секогаш ќе заминема од оваа ЛУДА куќа, уфф.. #нервози
да се надевам дека побрзо ќе дојт зима па потоа лето (ради распустот) оти школото ме пукна до глава ми дојде ...:/ ..
се надевам дека сите мои соништа и желби ќе се остварат и се надевам дека животот ќе се подобри во секој поглед!
Еден ден ќе ги најдам моите вистински родители, или макар роднини, а дотогаш... Дотогаш ми останува само да чекам...
Се надевамм,дека се ќе се среди,дека ќе си бидам најсреќна,дека нема да се навраќам на минатото иако знам дека секогаш ќе ме следи т.е ТОЈ,ама нема везе.Се надевам дека ќе се стабилизирам и веќе нема да попуштам и за натаму , со текот на времето,ќе си најдам личност која што навистина ќе ме сака
Се надевам дека за брзо ќе бидам подобра. Се надевам дека ќе најдам убава работа која ме исполнува и дека ќе најдам некој кој ќе ме почитува доволно. Се надевам дека ќе биде сѐ во ред...
Се надевам дека дипломскиот труд ќе го одбранам како што треба и нема да се изглупирам или обрукам пред комисијата Исто така се надевам дека дечко ми ќе ме послуша да не ме бара за жена уште сега
Се надевам дека во иднина ќе ми се оствари сонот: Да го живеам животот онака како што сакам (добра работа пред се). Барем, еднаш да го посетам Париз И нормално (мислам дека најважно е ), се надевам на добра фамилија и уште подобар сопруг.