Се надевам дека еден ден ќе се разбудам покрај тебе, и после тој ден, тоа ќе се повторува до крајот на животот секое утро
Се надевам дека татко ми во најбрзо време ќе свати дека ќерка му не е веќе дете и дека треба конечно да ја пушти самата да го искусува животот
Се надевам дека еден ден ќе се разбудам спокојно, мирно и без грижи, со најблиските и љубениот покрај мене, не грижејки се за ништо... знаејќи дека се е како што треба да биде.
Се надевам дека еден ден ќе успеам да го постигнам тоа што го заслужувам.Многу сум трпелива и сакам оваа моја особина да биде наградена.
Ќе ги најдам трите ланчиња, што ги изгубив. Како во црна земја да пропаднале. Појавете се, бе. Нема да ве скинам, ветувам.
Се надевам дека ќе ја прошетам Европа како што планирам, ќе го имам телото кое се трудам да го добијам, ќе се вљубам веќе еднаш засекогаш
Се надевам дека - ќе ослабнам - ќе тргнам на прав пат - ќе го решам проблемот со Него - ќе ја исполнам празнината што ја имам - ќе поминам на Spelling Bee