Се надевам дека овие факти што ги забележав денес во тетратка: лисофобија(страв од станување ненормален/луд);драпетоманија(претерана потреба од бегање далеку); алекситимија(неспособност за вербално изразување на емоциите);екцедетесиаст(некој што крие болка позади насмевка);монофобија(страв да се биде сам);тоска(досадна болка на душата,болна опседнастост,духовна болка);обливион(сосотојба од несвесност за она што се случува околу тебе) ќе ми користат во иднината на мојата професија како психолог
Се надевам дека ќе оздрави мајка ми се надевам дека ќе се среди ситуацијата со вирусов и ќе можам да си го видам мажулето во скоро време се надевам дека среќата конечно ќе ми се насмее се надевам дека после оваа бура конечно ќе научиме да ја цениме слободата на движење пријателството и здравјето
Се надевам дека ќе ми помине веќе еднаш овој пеколен период. Се надевам дека веќе нема толку многу да размислувам и ќе ми се истргнат овие црни мисли од главата. Се надевам ќе бидам посреќна.. Некогаш..
Се надевам дека Божјата волја ќе биди јас и моето семејство и моите најмили да живееме долг и среќен живот сите заедно. И се надевам дека јас ќе успеам во животот да бидам вредна и успешна.