Се плашам од породување

Дискусија во 'Бременост' започната од XstrongerX, 10 јули 2010.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    .....не сум ни бремена ниту планирам да имам деца во најскора иднина но како и e да знам дека еден ден ќе станам мајка ( што ми е најголема желба ) , но ете проблем имам неконтролирано голем страв од самиот чин на породување
    затоа апел до сите мајки раскажете некои лични искуства за барем малку да ме охрабрите , дали е навистина толку страшно и болно како што изгледа ...благодарам однапред :hai:
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.285
    па денес барем има решение за тоа-епидурална анестезија и царски рез.што е до тоа нема потреба од толку страв
     
    На irenadaniel и minuu им се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    незнам ...можеби затоа што цел живот си мотам некој филм дека ќе родам по природен пат како што е дадено од бога , само храброст немам :tmi:
     
  4. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    И јас мн се плашам,но се тешам со тоа што сите се плашеле сигурно, па сепак сите родиле :) коркач опасен сум се плашам од се на самата помисла кога веќе знам која паника сум полудувам.А често сум размислувала на темава,баш супер што е отворена еве овде може мајките на нас кои уште не родиле да ни раскажат како што...Знам дека има мн полесни начини од епидурална до царски рез но сепак којзнае ..природен пат велат е најздрав и несакамда сум жена што не го доживеала тоа макар и болката да знам каква е :D позз
     
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    492
    Welcome to the club!!!
    Исто. Не сум бремена, а нема ден да не помислам колку ми е страв од породување. И јас би сакала по природен пат, освен ако мора со царски рез :(
    Сепак, мислам дека сме создадени да ја издржиме таа болка, каква и да е. Нека не охрабрабрат искусните ;)
    Поздравче
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    i mene isto mi e strav,normalno e sekoja zena so nema ragano da i e strav..stom ednas ke rodis posle e polesno za vtoro,treto,zaso veke znaes so te ocekuva :D poveketo sega ragaat so carski rez,zaso taka e bezbolno so epiduralnata anestezija...megutoa imam slusano od mnogu deka epiduralnata posle nekoe vreme predizvikuvala povremeni bolki vo kicmata vo rbetot,jaki bolki..taka da koga ke dojde veme da ragam mislam deka ke go storam toa po priroden pat osven ako ne sum primorana so carski rez..ke vidime zdravje boze.
     
    На semy и girlinlove им се допаѓа ова.
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    :!: значи сепак не сум единствена :clap:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Нормално дека не си единствена. Се знае дека породувањето е болно, па затоа сите што немаат родено имаат страв во коски. Ама кога ќе дојде тоа е. Нема страв тука. Што се мора се мора :)
     
    На Cinderfakinrella, tessie и girlinlove им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    И мене ми беше страв, јас имам фобија од било какви болки, ама се трудев да не мислам на тоа. Секогаш во ситуација кога правам нешто што сите го прават си викам кога можат сите други жени на планетава - можам и јас!

    После породување првата мисла ми беше - еј а бе ова не било страшно! И кога ми се јавија другарките прва работа што им ја кажав беше - раѓајте, не било страшно :D А се породив присодно, без анестезии, ми ставија само анелгетици, ама веројатно без нив и подобро ќе ми беше зошто ме успорија.

    Значи девојчиња - тоа е обична болка што поминува за саат- два, а може и побрзо. Не му ја мислите многу, многу...
     
    На tessie, girl-miri, antonina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Jaс имам слушнато дека при природното породување доколку не сте целосно отворени долу, засекувале нешто..и тоа без анестезија..Така, кога вујна ми се породи со царски рез, веќе третиот ден станувала и одела сама во ВЦ, а некоја жена што била така породена, како што кажав, и рекла: “Ти со царски се породи и веќе шеташ, а јас што сум сечена доле и по природен пат породена не можам ни да седнам..Да знаев и јас ќе се породев со царски.“
    И затоа не сакам по природен пат. Затоа што тоа дали ќе те сечат или не зависи од моментот. На пример, се гледа веќе главчето, но не може да доизлезе. Така имам слушнато. :doh: Така и мама ја сечеле за мене..
     
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Да,сечеле долу но со анестезија јас знам.Е на таа помисла се ежам,неможам да замислам :o
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.285
    гледам повеќето мислат поразлично од мене,но јас најверојатно ќе одберам царски.кога веќе медицината толку напреднала и има можности да биде полесно,зашто да бирам потежок пат.сигурно нема да го сакам детето повеќе ако природно се породам
     
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Исто и јас.. :) Иако имам некои мисли како би сакала да си го видам бебето веднаш откога ќе го извадат :) Па можеби би одбрала царски под локална анестезија ...Леле незнам . Тогаш ќе сум будна, а ќе ми го сечат стомакот. Никаквата е :rofl: А епидурална во никој случај.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.163
    Сечењето ама воопшто не боли во моментот. После тоа едно две недели не можеш да седиш баш најнормално, ама не е нешто неиздржливо, а после тоа си како нова. Има многу и што не ги сечат. А зависи и колкав е резот.
    Со царски рез болките после тоа се многу поголеми, иако со кетонал се издржливи. И траат подолго.

    Јас не би избрала царски, освен ако мора. Траума за организмот е. Самиот чин е полесен, ама после тоа заздравувањето, што знам... Болките траат 4-5 дена, ама има и после некое неубаво чувство. Сепак тоа е операција.

    А и чувството некако не е исто. Природното некако се мачиш, се породуваш, во моментот се ти поминува, го земаш бебето... некако повеќе емоции има... не можам да објаснам.
    Со царски лежиш, они си бркаат работа, ти си правиш муабет со другите, и ти викаат ај честито... Можеби и јас така го доживеав зошто беше многу ненадејно и целата ситуација беше безврска.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    Ај да кажам и јас за моето искуство,јас сум невидена паницарка и страшливка.Откако останав бремена па се до пораѓајот не престанав да мислам како ке се породам.Бременоста оминаа во најдобар ред се беше супер,но кога дојде денот кога требаше да се породам ме фатија болки јас одма во болница,а тие болки беа послаби од оние кога добивам ама пусти страв.Ме прегледаа и ми рекоа рано ми било само сантим сум била отворена ме вратија назат во тој момент ми олесна што ке си одам дома,поминаа 5 саати болките беа поголеми пак отидив ме задржаа иако ми рекоа дури сабајле ке сум раѓала а тоа беше 22ч.А имав врски братучетка ми работи таму ја молев и нејзе и докторот да ме прават царски,ама не сакаа ми дадоа провакација за чиста срека брзо се отворив во 02ч се породив,искрено речено мене пораѓајот не ме болеше т.е не беше нешто многу страшно како што ми кажуваа други,утре дента си станав цел ден син ми си го шетав низ собата,а да бев царски не ке можев.Туку друго ми беше муабетот никого да не слушате и да не читате премногу за тоа ви кажувам од искуство секоја жена си е разлицна ситуација така да не му ја мислете многу,па порано жени и дома рагале сами,па ние сега со напредна медицина не треба да се плашите толку.Поздравче :*
     
    На SummerGirl12, ladyiff, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  16. bupce

    bupce Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    koga ke dojde momentot za samiot cin poroduvanje nema nazad samo napred mora da se odi. i togas vo tie momenti kolku i da e silna bolkata site so se ragale bez razlika dali e po priroden ili carski rez zazmisluvaat samo deteto da bide zivo i zdravo a bolkite svesno ili nesvesno se izdrzuvaat...zatoa decata se najmili na svet i za niv se zrtvuvame....a za secenjeto jas znam deka te secat bez anestetik a posle ti stavaat za sienjeto barem od moe licno iskustvo e taka... :)
     
  17. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    заборавива да кажам за сечењето јас бев исто така наплашена но верувајте ништо не се осека воопшто,а за шиењето ми ставија целосна,а да викаат и ако не ти пукне водењакот болело кога го пукале јас ни тоа не го осетив како болно,само почувствував како мочкам :lol:
     
  18. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    48
    Јас се породив природно со епидурална. Најсилните болки јас мирно си ги преспав поради епидуралната. Два часа по породувањето си нарачав ручек. 3 часа по породувањето се туширав а веќе по 3,5 часа ја доев ќерка ми. За епидуралот е важно кој анестезиолог ја става а ни тогаш ни потоа не сум имала ни болки во рбет ни боцкање ни укочување. Епизиотомијата и шиењето не ме болеа исто така поради анестезијата. 7 дена по породувањето јас бев како нова немав проблеми ни со епизиотомија, ни конртакции на матка, ни обилни крварења си излегував до аптека до продавница.Не ви препорачувам царски долго треба да зарасне раната, можни се проблеми со доењето бидејќи не можете да седите убаво па се дои со лежење ама додека да се навикне детето подобро е седечки, контракциите отпосле се поболни при царски а лохиите пообилни бидејки не излегле при породувањето. Царски со спинална не боли имате необично чувство додека ви буричкаат внатре, а боли кога матката ја буткаат на крај да се врати на своето место. Опоравувањето по царски е потешко и подолготрајно. Царски пак со комплетна анестезија мене ми е несигурно. Јас сакам да сум свесна за се што се случува, сакав да си го видам детето веднаш штом, ќе го извадат, сакам да проверам дали постелата комплетно е извадена, да внимавам што лекови ми даваат а ако не сум при свест немам контрола. :)
    Во секој случај добро менаџирано породување не мора да биде болно, а е прекрасно и незаборавно искуство.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038
    Еве и јас да го споделам моето искуство. Јас се породував со провокација затоа што неможев да се отворам доволно. Болките беа страшно јаки ама во тоа бунило не знаеш што ти се случува па само чекаш да се породиш. Штом се качиш на бокс самиот чин на раѓање е 5 мин а не си ни толку свесна што се случува. Штом излезе бебето веднаш престанува се. Ме сечеа и мене ама тоа воопшто не го ни приметуваш затоа што породилните болки се појаки. Не ме болеше тоа воопшто, а веднаш те шијат така да и тоа не го приметуваш. Не боли ни кога пука водењакот.
    Едно ке ви кажам, не слушајте све и свашта, кај секого е различен самиот чин на породување. Мислам дека природен пораѓај е подобар затоа што бргу закрепнеш, за 1-2 недели си како нов.
    Убаво е и да имаш свој лекар што се вели, затоа што за жал свашта се дешава...ај да не ве плашам :D
    Не мислете на тоа уште сега, кога дојде моментот не си ни при себе да размислуваш за страв туку мислиш на бебето да е ок.
     
    На SummerGirl12 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.827
    Не сакам да мислам,кога ќе дојде ќе му ја мислам,ама знам дека ќе биде по природен пат,освен ако мора поинаку.Секогаш сум за машки да се трпи,ни напредната медицина,ни ништо не ме интересира.Ми е језа и страшно,ама има ехееее време до тогаш,а секогаш мислам на проблемот кога ќе дојде,а не пред време,а тогаш нема ни да имам време за мислење,ќе морам да раѓам,нема назад и после нема веќе зошто да разглабам философии како ќе изгледа. :D
    Мајка ми ја сечеле и ден денес се смее,ај што ме исекоа,ама како ме зашиле за никаде,фалта ми направиле. :D