За жал кај нас ако немаш врски, тешко тебе. А, зависи и колкави врски ќе имаш. Две другарки се породија во исто време. И на едната и даваа млеко за бебето, го капеа, и помогнуваа за преслекување, трчаа пред неа-зад неа во болницата. За породување биле најубави со неа, не и направиле епизотомија, и помагале дотука и назад. Зошто си имаше врски. А, на другата бебето само плачело, ниту млеко му давале на време, ниту и покажале како да дои, дури и барале од понадите кои ги добивале. За породувањето биле груби, одма со ножиците ја пресекле, однос за никаде. А, во иста болница, со ист персонал. И сега како да не ти е страв? Ако знаеш дека персоналот е кадарен, хуман и во ред, нема да имаш страв, ќе се опуштиш и самото породување ќе биде полесно.
Se plasam od poroduvanje i toa mnogu,,prva bremenost mi imame vrski vo gak kese poragam no sepak strav mi e od samoto poroganje,,se si mislam deka ke imam neizdrzlivi bolki deka ke boli mnogu ke me secat keme sijat na zivo,,se plasam
Мене ми е страв дека ќе отидам во некое тапа време во болница и дека од врските ни В нема да видам, па нема да добијам епидурална која се добива само со врски. Не ми треба сестра да ми се мотка после за доење и молзење, доста гледав на нет, сакам само епидурална и мислам дека е нехумано ова што ни го прават, вака да се стресуваме.
плашење мал збор е тоа, умирам како се доближува времево знаејќи што ме чека, толку страшно поминав со првото што сега несакам ни да помислам дека исто ќе биде, божеее па јас несакав второ дете, иако 3.6 години поминаа сеуште имам и трауми и кошмари, ќе ве поштедам од детаљи,
Не сум трудна, во скоро време мислам дека нема ни да бидам Ама имам гледано видеа на youtube и се згрозив. Многуууу ми е страв од пораѓање, а знам дека кога и да е, порано или покасно ќе морам ако сакам дечиња
НА ПАНИКАТА КАЖЕТЕ И "ИШ". Породувањето на здраво бебенце е доста интересно искуство, на кое што верувам дека секоја мајка е горда, без разлика како тоа започнало, траело и завршило. Не дозволувајте стравот да надвладее,превземете ја контролата над вашето тело во ваши раце, соработувајте со лекарите и останатиот персонал, едуцирајте се во врска со породувањето, првенствено со техниките на дишење, во секоја фаза поединечно, научете преку визуелизација на болката, да си помогнете побргу да помине и бидете максимално позитивни во секој момент од породувањето, без лелекање, офкање, жалење на болки. Место за страв апсолутно нема. Немојте да се плашите од породување, "пострашни" се деновите кои што следат после породувањето, за кои што никој ништо не кажува, а се далеку посложени и постресни, исполнети со многу нови тешки предизвици, одколку најсреќниот момент за една жена. Само храбро до сите идни мајки.
Сеуште ми е рано за 2 дете но сум во план иако имав лош царски ама нема шанси да биде единче бидејки мм е единец и е мн ми е некако како да кажам не убаво бидејки немаме роднини од негова страна мислам на брат сестра,сакам да ве прашам дали некој се има породувано во Плодност во Битола и ако може да ми сподели искуство дали со царски или не не е битно бидејки секако и со второ ке бидам со царски ма да сакам природно со анелгезија.позз
А зошто велиш дека ќе бидеш и со второто со царски? Има многу случаи првото со царски, второто природно што го родиле.
Имам проблеми со левиот колк од сообраќајка затоа со прегледи ми утврдија дека царски ке биде и за првото не сакав ама така требаше да биде,и да ти кажам право не сум баш за царски како што бираат денес родилките после операцијата не е баш лесно.
Епа не се секирај тогаш, чим така препорачуваат значи така е најдобро и за тебе и за бебчо. Све тоа поминува без разлика дали е царски или не.
Не сум трудна и рано ми е уште но ме фаќа огромна паника кога ке помислам на тоа навистина премногу мие страв се ежам од помислата
^воопшто сега не се замарај со тоа. И јас пред да останам трудна,цело време зборев леле како ли ќе биде јас кога ќе останам трудна. Па еве останав, и сега мислите и чувствата ти се менуваат, нормално паниката постои и стравот од непознато. Но се ќе е поинаку,зошто ќе си свесна дека со душа го чекаш тоа малечко.
Да, порано кога ги гледав моите другарки, трудни многу се плашев за нив како ќе поминат , сега не го осеќам тој страв за мене, мислам нормално е дека не е едноставна работа раѓањето,болно и се тоа, но кога ќе се свртам околу мене, толку луѓе шетаат по улици и сите се излезени на тој начин Не сакам да мислам на стравот и на неубавите работи кои можат да се случат, мислам дека се ќе биде добро, и дека нашите тела се созададени за да ја издржат таа болка. Плус тоа ќе раѓаме во болници со стручни луѓе, ете иако ќе одам без врски, се уште верувам во човечноста на луѓето и во нивната професионалност, па и нека не ме мазат и пазат како другите со врски.
Мене во моментов ме мачи помислата само од предвремено породување. Еве веќе неколку дена цело време мислам на тоа. Што ако се породам предвреме? Прееска седам и размислувам и си викам„здравје да влезам во осми и не пипкам ништо. Цело време ќе лежам. Да не се породам пред време“. Абе психава била ненормална работа.