Ми кажа медицинска сестра од ГАК. Ова кесата што се полни кога се дарува крв, се губи речиси цела такава кеса. Може и не е многу, ама мене и кога ми земаат крв за испитување ми проблем а не па повеќе. Затоа и вика. Ама ќе биде, Бог ќе не чува и се ќе биде ок
искрено кога ќе ми текне на моменти ми е страв... посебно од тоа да не забрават нешто од постелката внатре пу пу недај боже... Со Божја помош да си се олесниме сите и здрави и живи да си бидеме да си се гушкаме со бебушките
Јас сум полна 13та, денес ми земаа микробиолошки брисеви и приска (даунов синдром) требаше и пап ама неможев да го издржам железото во мене, е сега се прашувам како јас ќе се породам ако е исто така гадно како тоа железото,ама од друга страна пораѓањето е нагон а не со сила буткање железа???
породувањето е природен процес на за кој навистина ние жените сме предодредени. воо-пшто да го немате тој страв. единствено бидете при себе, давајте точни информации во историјата на основ на тоа доколку има ризик докторите би отишле на царски. соработувајте, кога ке ви кажат земајте воздух зимајте, гурајте гурајте. јас имав тежок порагај но бев 100 % при свест, реков морам да изелеземе од тука и да се гушкаме го сакав тоа дете. се порагав со вакум метода немаше чаре( не да ве плашам) туку треба да сте спремни на се, ете немаше време да се почне процедура за царски па мораше вакум. за тоа покрај вас се стручни лица. дури и при вадењето со вакум цело време соработував прашував кажете ми што треба да правам да гурам или не .... свеста и сталоженоста нека ви бидат прв пријател. немојте да сте од оние кој со саати се дерат умирамммммммммм а ги имаше многу. и кога најмногу ке боли ке стегнете заби и ке речете се е за моето најмило. никој не умрел од породилни болки. и покрај се јас пак ке родам и тоа пак природно па макар нека биде и последното од мене. тоа е најубавото и најблаженото нешто, кој што родил знае.
Hi! jas sum nova na forumov no ve sledam so zadovolostvo ) bremena sum vo 32 nedela do sega se e vo red i so mene i so bebceto si rasteme normalno malku sme ponapredni vo sporedba so nekoi dr no toa nema vrska.da s e nadovrzam za temava kako se blizi vremeto za poragjaj se poveke i poveke imam strav inaku ne sum od sk no sakam tamu da se porodam vo drzavna bolnica no ima eden problem sakam da se poroduvam so carski . mojot maticen ginekolog mi kaza deka nema da moze da odam carski zatoa sto se bilo vo red so mene i so bebushot, a za prirodno ne sum podgotvena se si mislam deka ke ispanicam i deka ke mi se pokaci i pritisok i tahikardija ke imam i ke se iskomplicira se .Zatoa ve molam za sovet Odnapred vi blagodaram
мислам дека не постои некоја која не се плаши,но штом си забременила свесна си дека тоа е завршниот чин и потоа го зимаш бебето во раце,мене ова ми е втора бременост и чудно но некако посмирена сум отколку со првото иако знам дека е болно но да мислиме само на бебето и да занемариме друго све,се заборава сета болка кога ке го прегрнете
Драга секако дека е најдобро да се породиш како што ке препорача твојот доктор зависно од бременоста (во смисла дали е нешто ризично). јас неодамна се породив со царски поради избегнување на можни компликации. Бидејки ми е прво дете незнам како е породување по природен пат но да ти кажам дека и со царски не е воопшто едноставно.Имено кога се пораѓаш со царски самото породуање е безболно и кратко трае но после опоравувањето е многу тешко и подолго. Не можеш неколку дена од кревет да станеш, болките се многу јаки а и кога ке те пуштат дома потешко ти е да се грижиш за бебето (не можеш да го дигаш, да го доиш на стомак, изнемоштена си итн).Така да ако немаш потреба од царски размисли си убаво како ке одбереш да се породиш и секако како е најбезбдно. Како и да одбреш ти посакувам лесно породување и секако да помине се во најдобар ред.
Навечер ме маваат филмови во глава и неможам да спијам....ѕверот мал ќе ме разбуди со клоцање и после иди заспи од глупи мисли. Ухххх, ви се случува ли и вас ова? Јас единствено си се тешам дека нема назад, дека тоа е патот до првото гушкање со бебушко, и дека буквално на саат време има по едно ново бебе во ГАК-сите тие го пиминале истото од кое јас сега стравувам.
i mdene mi e mnogu strav po priroda sum panicar golem, a i da nadovrzam deka sum i fobicarla se borev so ankioznost podolg period se si mislam ke me fati panika, pred tri godini ja praev nagat operacija, konkreno kolenoto i od tie operacii i operacioni sali fobija zakaciv, lani na keretaata vo Grcija koga imav spontan dobiv panicen napad, posle toa bev vo agonija dve nedeli strepav od son..... se nadevam deka ovoj pat ke bide podobro i Gospod ke mi dade sila
и јас се плашев ама во тој момент ке добиете храброст, јас искрено и заплакав на бокс на минутка и реков на бабицата не можам ... ама за се треба трпение, после 3 мин од испадот јас се смеев а синот плачеше до мое увце ( одма ми го покажа бабицата) , единствено што треба да правите е да слушате што ви велат бабиците и лекарите, ко ке имате болки лежете на страна не на грб, и колку и да ве тера не клекнувајте бидејќи така се качува бебчето. Јас имав голем страв а поминав без сечење и шиење ... на крај ми се досади и гурав и ко немав нап значи во тој момент се ке направите само да си олесните и на себе а и на бебчето , јас се мачев ама си реков јас трпам бол, ама и на него не му елсно додека излезе, и драги мои од тој момент почнува мајчинството, со самата борба да го избуткаш на свет и точно дека после породувањето се е како порано ,нема никакви болки, јас после 2 часа станав да одам до вц.
ахх јас колкиу паничев хаха кога ке ми текне сега ми е страм, пред да ме стават на бокс од со бев во паника заборавив како се викам и презивам, им реков дека кога ке ми текне ке им кажам, со триста паники и лоши мисли ме ставија на бокс, се породив природно и мислам дека нема подобро чуство кога ке се роди тоа мало ангелче, стварно е болно и неверувам дека има жена која што не се плаши но таа болка и паника исчезнува веднаш штом ке ти го дадат во прегратка, не се плашете мајки чуството е прекрасно
i jas se nadevam deka ke bide se vo red, ne se grizi i menisli na loso. i jas se borev so anks i pomekogas seuste se boram no i takvo stresno vreme e, a za drugoto nemisli ke imas zdravo i ubavo bebe
Женски кои наскоро ке станите мамички, јас веќе поминав низ тие стравови уште од кога останав бремена се плашев шо како ке биде со бебчо, потоа како се наближуваше денот за породување се плашев дали ке можам да ги издржам болките, се плашев да не испаничам да се онесвестам, биидејќи прагот на издржливост на болка ми е многу низок... за да ги тргнам овие мисли се дружев само со позитивни мамички. Моето породување започна со пукање на водењакот во 21ч, а породилните болки почнаа во 00 и 15 кога сестрата ме праша дали сакам да се породувам со епидурална анестезија а јас ја одбив (барем имав на што да мислам до сабајле - дали требаше да прифатам епидурал) болките продолжија, исти се како менстриални болки само многу посилни, беа се поголеми и почести и завршија во 9ч со спинална анестезија а веке во 9 и 15 се роди мојот ангел со царски рез поради компликации. Опоравувањето од царски рез исто не ми беше мн тешко, истиот ден во 18ч станав, третиот ден веќе се шеткавме со бебчо по ходникот на Плодност, на 5тиот ден со мм го капевме а веке 20 дена после породувањето немав болки чувствував само отрпнатост околу раната. Денес кога се потсетувам на тој ден ме облеваат само убави чувства а на болките веќе не се ни сеќавам, здравје за второ бебче нема да ми е страв без разлика на кој начин ке се породам. Затоа идни мамички уживајте во нежните клоцкања и спијте си мирно бидејќи наскоро ке ви недостига тоа. Поздрав и со лесно!
Операцијата ја водеа др. Таше Трпчевски и др. Владимир Поповски - Бато, а анестезиолог др. Раде Бијелиќ.
а бе какво плашење што повеке се ближи терминот со убаво се да биде едвај чекам да си ја имам малата во раце се друго ке помине
girl-miri ретки се мамичките како тебе, алал да тие , само напред со лесно и те чекаме да се пофалиш.
На тие што не се плашите секоја Ви чест.Јас не да се плашам 33 недела сум и уште сега мислам што ќе биде како ќе биде да не речам само страшни филмови си правам
ама нема никаква потреба од страшни филмови да си правиш ако е толку страшно жените нема по 2-3 дечина да рајгаат