Да се надоврзам на муабетот на trudnicka Од раѓање се умира ( не дај боже) само ако родилката претходно била болна, ако е наследно или пак ако и се покачи притисокот итн.( можам да кажам дека случаите на смрт при пораѓање се многу ретки). И ова филмовите ви ги испраа мозоците. Од друга страна јас не сум бремена и се надевам дека еден ден ќе бидам. Е сега страв како секој нормален човек сите имаме стравови но тоа ќе се надмине и ќе биде се во ред. На родилките им посакувам се најдобро и да ми бидете среќни,живи и здрави пред се весели. Да ви почне убаво новата година, мислете на позитивни работи додека се пораѓате, создавајте си фантазии и побргу ќе помине. Среќно на сите
абе жени стравот е нормален поготово ако ви е прво и јас имав страв ама најмногу помага смиреноста во тие моменти, ко ке ве фатат болки нема да мислите на страв,само ке гледате да го избуткате бебето се се заборава а болките исчезнуваат во моментот кога ке излезе бебето и чувствувате само големо олеснување. исто како кога ке се олесните за во веце значи нема страв, а болките се јаки не негирам,ама кратко траат
Така си е butterfly.mk, се сложувам потполно со тебе, инаку и јас си правев филмови исто како kostadinka24 ама се трудев да ги тргнам мислите и се убедував дека се ќе биди во ред мора позитивно сега ми се смешни тие мои мисли и стравови се ке помине уживајтееее..
Толку сум подсвесно оптеретена за да не се породам до 1/2 јануари....што ноќеска така зрипав од кревет, бидејќи на сон ми дошло дека ми пукнал водењакот....страшно, кога се разбудив бев толку успаничена и срцево брзо ми чукаше.....си велам Боже вака ли ќе паничам ?
Snow-Queen се над 38 недела е супер време за раѓање, бебчето има соодветна тежина и должина.А ако мислиш поради празниците и оделеноста од дома тоа е друго. Прво дете,машко во добар дел се носат сигурно до 40 недела
Нема за шо да се секираш, ако се породиш до тогаш таман ќе биди новогодишно поклонче А иначе јас воопшто не се оптеретував со пораѓањето, е кога дојде моментот (38 недела) кога веќе рекоја дека ме задржуваат на болница, почна да ве фаќа страв. природно е тоа да се плашиш, само нека не е посилно од тебе!
Е кога си помислувам како и што ке биде,па еве уште фебруари остана малце ме вајча страв ама понекогаш си викам и тоа ке помине чудно некогаш се плашам некогаш храбра,си викам сега да рајгам ке рајгам може нормално си е
Не џабе рекле, кога ти е прво се плашиш дека незнаеш како е, а за следните зошто знаеш како е Јас со првото се породив природно, со болки околу 10 саати, кога конечно го родив си реков - боже фала што заврши! Бидејќи ова беше пред 5 години сум подзаборавила како беше ама секако се секавам дека болките беа пеколни. Добрата работа е што кога ќе си го родите детето се бргу се заборава и вистинските маки тек допрва следат Со лесно нека ни е на сите!
Имав страв на поцтокот,а сега еке не ми е толку...знам дека бебето мора на некој нацин да излезе дали царски или природно.си давам сила и се храбрам да бидам силна дека подобро да сум опустена за подобро и побрзо да поминам.Ама кога ке ме фатат олките не знам... со Бог напред да се олесниме
Se izvinuvam za latinicata od mob pisuvam.Ajde samo da kazam deka utre definitivno ke se znaedenot za poroduvanje sigurno ke bide od ponedelnik do petoknekoj den imoram da si ja olesnam dusickata da jkazam deka mnogu mi e strav.Ne sakam nikogo da zamaram od bliskite normalno ni vas ovde na forumot ednostavno samo da si kazam deka kaj i patam od panicni napadi sega dopolnitelno se zgolemeni.Samo Gospod da ne cuva i da bide se vo red.
Ок де паничи,слободно,олесни си ја душичката Ама да знаеш денот кога ќе влезеш во болница да се пораѓаш,ќе сакаш се побрзо да заврши и нема да имаш време на страв да мислиш Ај со лесно и мисли на позитивни работи бре женичке ,ќе се гушкаш со бебулето конечно Не си ни малку љубопитна како ќе изгледа,како ќе мириса?
duso nemas li popametna rabota od toa da panicis???? ako nemas okk panici sedni i misli mu ja.... abre zemi izguskaj se so mt nema veke da ste dvajca....ke dojde drug clen najvazniot i najglavniot...si se prasala li na kogo ke lici i kako ke mirisa so vika simonatino??!! eee izgura tolkav pat stigna do krajot da se gusnes so toa coveceto so poslednite meseci ne te ostavase da spies i samo ti go rasturase stomakot jas ti posakuvam najlesen poragjaj i da bides hrabra kako krali marko...i koga ke odis nakaj salata za operacii samo si pomisli za nekolku casa dekake stanes majka vo vistinska smusla na zborot...se izv za lat od mob sum
Охххх како се ближи пороѓајот така се помоголем ми е стравот Пошто ми е прва бременост не знам како одат што одат работите...Сите ми викат не е страшно,тоа е природна и нормална работа но сепак.....дури не го осетиш на своја кожа никогаш нема да знајш хехехех...Дури можеби и му се имам здосадено на Др.Таше секој преглед се тресам се плашам....Си викам како ли ме издржува алал да му е И тоа е тоа.....Ајде се надевам дка ќе биде се во најдобар ред и со лесно.....
стравот е многу помал за првородилките пошто не знаете како е повејче сте полни прашалници одколку страв
Тоа си помислив и јас,од што се плашите кога незнаете како е? Со првото не се плашев ,ама ич зошто не знаев што ме чека,кога поминав со царски пак не знаев што ме чека за второто Е за второто отприлика знаев од гледање ,ама психички се спремав 9 месеци Ама џабе дури не осетиш на своја кожа Па тргнавме природно малку се измачив и пак царски ама не е страшно Се поминува,најубавото останува...
Костадинче малку опушти се не се секирај, Господ и Мајка богородица ќе бидат со тебе и се ќе биде во ред <3
Лелеее стварно поќе сме прашалници што ќе биди како ќе биди .....Викат дека колку поќе се плашиш толку поќе ќе има болка и ќе си постегнат....Ајде со зборање со споделување искуства се ќе биди во најдобар ред...
Јас сум прворотка здравје во мај ама јас се плашам од мојата реакција незнам како би изреагирала оти незнам како е. Ако испаничам да не направам некој проблем па да останам на сред работа да не направам нешто штетно или да не ќе можам да се отворам од страв не дека јас несакам туку самото психички ете тоа е мојата збунка во глава.
Ke gledas po skoro da go izvadis nema da.mislas na strav...jas sega za sega nemam strav..porano imav...koga ke me fatat bolkite ne znam.