снегулката не се плаши, колку и да се чести болките не траат повеќе од 1 мин, и тоа почнува со послаб интензитет па постепено се зголемува, достигнува максимум и попушта, во рок од 60 секунди( барем како што кажуваат на вежби) па силни сме ќе издржиме Па ако било нешто толку страшно жениве ќе раѓале само по 1 бебенце, а не 2-3
И јас кога мислам на тоа не ми е баш сеедно, ама гледам да не мислам многу и да не се секирам пред време. Кога ќе дојде време за тоа-тогаш. Зошто уште од сега да се оптоваруваме?
Мешиња и јас поминав пеколно на породувањето, но имав прилика да видам и мајкички кои поминаа ОДЛИЧНО! Нема потреба од никаков страв! Во врска со одењето по надвор, на клиника даваат чепчиња и имате сосема доволно време фино да си се испразните. Нема ништо несакано да се случи на бокс со сигурност! Еве и совет плус, кога почнуваат болките престанете со јадење и пиење ако имате дијареа или некој сличен проблем со столицата. Празно пупе плус чепче и нема простор за загриженост. За болките и епидуралната мене никој не ме праша дали сакам да ми стават. Веројатно тоа се кажува на претходните контроли. Не знам, за тоа распрашајте си се убаво. Инаку секое раѓање си е приказна за себе, кај различни мајки, па и кај една иста мајка. Јас знам зошто поминав лошо и морам да го споделам тоа со вас! ШЕ-ТА-ЊЕ! Само шетање во последните два месеци барем! Побрзо ќе си се отворите, побрзо ќе си се породите. Големи се шансите спонтано да ви пукне водењакот. Јачината на болките е иста, да не се лажеме, разликата е само во времетраењето на истите. Инаку точно е, траат по околу една минутка. Јас споро се отварав и болките ги трпев долго време, ако шетав сигурно немаше да биде така. Не шетав зошто не можев, имав проблем со ногата и тука се зезнав. За следната бременост ќе си знам и тотален инвалид да сум ќе се влечкам и ќе шетам.
Не разбрав ... како интензитетот на болката е ист од почеток ??? Сакате да кажете дека постојано боли со еден исти силен интензитет, само траењето е на почетокот пократко, и тоа траење на болката постојано се зголемува??? Јас ептен изгубена бре, не знам што ме чека а во 9 ти сум Инаку за движењето можам да кажам дека првите месеци од бременоста слабо се движев, а и работава ми е во седечка положба... Е сега последниот месец ипол повеќе низ дома имав обврски, чистење, генералки па дома бев повеќе во покрет (ако може тоа воопшто да ми биде од корист) Се трудам да пешачам до работа, и да прошетам низ паркот час-два, ама потоа имам страшни болки во кукот и половната, и нозете ми отекуваат.. Сепак не се откажувам, колку можам се движам овој месец со надеж дека ќе ми биде од корист!
Јас искрено не би се сложила со тоа дека јачината на болката е постојано иста, само времетраењето различно. Имам родено 2 деца и со двете го имам истото искуство, кога почнуваат болките се со многу послаб интензитет и се на поголеми интервали, како поминува време и процесот на отварање, јачината на болките постепено се зголемува а растојанието од една до друга болка се скратува. Кога растојанието меѓу две полки е веке премногу кратко а јачината е голема, тогаш болката преминува во напон и обично со неколку напони се случува раѓање. Времетраењето на болките е неколку секунди, не сум мерела точно, ама се издржува, повекето деца на светов се така родени
породувањето е НУЛА во споредба со она што ве чека после! Немојте да паничите! Од паника, родилки имаат губено свест, заради глупост, и после тоа во опасност се доведува и здравјето на бебето. Дури и при пораѓај се има случено наместо да напне, од страв да го повлече бебето назад и ете ти проблем. Не се плашете, тоа е нормален процес и нека не ви раскажуваат бајки, дека не знам колку многу боли и се паѓа у несвест од болки и незнам што. Тоа е болка слична на менструалната болка, се разбира појака но не толку трагична. Кој има среќа со врски ќе има епидурална, а кој не, ќе си се пораѓа најнормално исто како што милијарди жени го направиле до сега тоа. И без гајле, ние жените сме далеку похрабри од мажите и даруваме живот, а затоа секоја болка е минорна во споредба со она што после ќе си го земете во раце, ќе си го милувате и ќе заборавите на се лошо!
Значи да не се лажеме Б О Л И, ама С Е И З Д Р Ж У В А!!! Болките на почеток се на подолг временски интервали и не се многу интезивни, но како одминува времето и се доближува до породување се по интезивни за на крај да бидат на 1 минута. Па имаш 1 минута болки, 1 минута раат ( да здивнеш). Во секој случај најдобро е да соработуваш со докторот и сестрите за полесно и побрзо да поминеш и бебето да не биде истрауматизирано. Ти посакувам со лесно да поминеш
Не, не.. Веројатно лошо се изразив. Јачината на болките е таа, без оглед дали шетате или не. Значи физичката активност нема врска со јачината на болките. (Тоа ми беше поентата на муабетот) Со физичката активност побрзо ќе се отворите. Инаку болките на почетокот се слаби, па стануваат се појаки и појаки. Не е страшно, минутка траат, ќе стиснете заби и ќе поминат. Не се умира од болките. Јас се отварав ептен споро, дури и се мислеа дали сум за царски или ќе се породам природно. Е тоа чекање да се отворам беше страшно, зошто болките се зголемуваа, времето си поминуваше, а јас не се отварав. Имаше мешиња што доаѓаа после мене, а си се породија пред мене без никаков проблем. Болки како моите, ама супер отворени, си ги трпеа кратко време и си се породија ептен лесно. Затоа, што повеќе физичка активност! И немојте да прашувате други мајки како поминале, сите ќе ви раскажат различни доживувања. Мене и докторката ми кажуваше што повеќе да шетам и другарка моја супер си се породи и водењакот сам и пукна, ама 8-ми и 9-ти месец пешачеше. Јас ете не можев, да знаев дека тоа го олеснува пораѓајот ќе се влечкав и ќе шетав.
feminki mozda glupo e prasanjeto no mene me interesira kako proveruvaat vaginalno kolku si otvorena,so sto? MN se izv za kat.
Теичка, штом се вика колку прста си отворена, логично е дека се проверува со прсти, нели И воопшто не се секирај за прашањата, непостојат глупи прашања, прашај си се што те интересира
zenski mnogu mi e strav od poroduvanje , koga bev na kontrola posleden pat od strav dali e vo red mi se pokaci pritisokot isto mi e strav od poragaj da ne mi se sluci nesto ne os bolki nego od komplikacii visok pristisok, tahikarsija samo sto pomislam vednsa se vozbudam celata
Кога ќе отидеш на пораѓај ќе мислиш само на детето да е здраво и живо а не на пораѓајот.Така да само опуштено кога ќе дојде денот.Како и да е,бројани саати се и поминуваат за час
Κаκо и да вρтиш моρа да излезе бебчето од негде. Таκа да не ми е стρав воопшто од самиот чин поρаѓај Повеќе го мислам бебчето, несаκам да се измачи додеκа излезе, за мене немам гајле имам висоκа толеρанција на болκа
jas o bolki ne mi e strav do pred nekoj period velev e eden den ke se istrpi no procitav nekoja zena neznam kade bese pocinala I se uplasiv me fati panika I se mislam loso I na mene nesto da ne mi se desi a bolkite ke se istrpat kako sto velat koga pocne poragaj nemas vreme da mislis na strav samo gledas da se porodis
Душички труднички сите тие се сладки маки и вреди да ги истрпите за да го држите највредното богатство на светот. Така да самохрабро и со лесно, бидете со добри мисли, без страв и Господ со вас да е и со бебенцата и се ќе се заврши добро ко што треба после ќе ни пишувате што и како прават бебенцата и какво е чувството да се биде мајка.
Со позитивни мисли ќе се породиш многу полесно. ЈАс не се плашев ич, бев мн храбра и добро поминав Внимателно ги слушав инструкциите на докторот и бабицата и се заврши за 10 минути. Верувај во Бог и немај гајле. Со лесно идна мајка и одмарај додека се породиш, не се замарај со глупости. После те чека напорен период. Додека со бебето фатите ред де, немој сега и јас да те исплашам Потоа следи уживањето
Лани за овој случај дознав и бев бремена, па ниту помислив ниту се исплашив. А башка тоа што планирав и се породив во систина. Да не испаднам злобна ама знам еден куп вакви случаеви, и што сега? Два месеца пред да се породам девојката што ме депилираше почина и никогаш не помислив ниту ги нареков будали оние што ми го кажаа тоа. Малце имајте осет, ако сте трудни не си зимајте за право да зборите се и сешто.
Jas ne se plasam od poragajot kako cin,ke bide so carski,po priroden pat ne mozam da go rodam,i iako imam veke ednas rodeno so carski ne mi e strav od ranata ili od bolkata zasto postojano mi stavaa inekcii i nemav bolki (imav samo strasna glavobolka sto mi traese 5 dena) se plasam od anestezijata,sto ke me bucnat vo rbetot..neznam toa mi e nekako loso iskustvo od prethodniot pat dali oti se bese na brzo.. A site moi drugarki sto se porodia po priroden pat si pominaa mnogu dobro. @milamila988 nemoj da se plasis za nekoja sto umrela ili za dete,jas go imam toa iskuseno no veruvaj deka taka trebalo da bide.Zenata sigurno imala problem zdrastven sto pocinala ne e ubavo da imas takvi misli,misli samo pozitivno i se ke bide vo red ke vides.